20.8 C
Скопје
12:44 - 19 октомври, 2026

Пет најчести грешки при употребата на кондоми

Иако употребувањето на кондомите изгледа лесно и едноставно, често се случуваат грешки кои може да имаат и последици по двајцата партнери.

Кондомите во текот на односот штитат од полово преносливи зарази и несакана бременост. Но, овој ефект го имаат само ако ги користите правилно.

Ова се најчестите грешки кои ги правите:

Чување во паричник или во џеб

Латексот е многу растеглив, но не е и семоќен. Ако имате еден кондом „за секој случај“, не го носете во паричникот, ниту во џеб. Триењето може да го оштети латексот, а несоодветната температура да ја намали неговата делотворност. Постојат лимени кутии во кои можете да ги префрлите кондомите и да ги носите во џеб или чанта. Така сте сигурни дека се соодветно чуваме.

Недоволно празен простор на врвот

На врвот на кондомот при употреба треба да оставите доволно простор, за да се намали ризикот од негово пукнување. Исто така, внимавајте воздухот да биде целосно истиснат, бидејќи и ако е полн со воздух постои ризик за негово пукање.

Погрешна големина

Стандардните кондоми одговараат на просечната големина на пенис. Но постојат мажи кои имаат или помал или поголем пенис од тој просек. Затоа и треба да носат кондом кој е соодветен за нивната големина.

Задоцнето навлекување

Некои парови грешат со тоа што го употребуваат кондомот пред ејакулацијата. Ова воопшто не е безбедно, бидејќи на овој начин нема заштита од полово преносливите зарази.

Рок на траење

Рокот на траење на кондомите е втиснат на секоја оригинална кутија. Секој производител е различен, па затоа треба внимателно да гледате дали рокот е истечен.

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо

„Немам време за себе“ – реченицата со која полека се ставаме на последно место

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо
Се вчитува....