15.8 C
Скопје
23:50 - 1 мај, 2024

ОВИЕ 3 РАБОТИ КОИ НОСАТ НЕСРЕЌА ВО ЖИВОТОТ: Направете промена за подобра иднина и среќен живот!

За да ја задржиме позитивната енергија што ни е потребна за да бидеме среќни, треба да направиме мали – големи промени во животот.

Во продолжение три едноставни работи од кои треба да се откажете за да бидете посреќни и позадоволни:

Потрага по совршенство

Совршена работа, совршен брак , совршено семејство, совршено тело… сето тоа се цели што ги посакуваме, а кои навистина не постојат . Иако често ни се чини дека тревата во соседниот двор е секогаш зелена, тоа е само илузија. Ништо околу нас не е совршено и никој нема совршен живот како од филм, па затоа е важно да не копнеете за совршенство и да уживате во малите нешта.

Негативен став

Психолозите објаснуваат дека негативните мисли и песимизмот значително влијаат на нашето расположение, а со тоа и на нашата среќа. Нашите животи се полни со негативни настани и ситуации кои често не можеме да ги избегнеме, но мораме да се справиме со нив, па навистина не ви требаат дополнителни негативни мисли . Следниот пат кога ќе имате негативно мислење за себе, за работата, за партнерот или за некој друг аспект од животот, застанете и обидете се да најдете позитивна страна. Ќе се уверите дека таа навистина постои .

Животот во минатото

Акумулацијата на негативни чувства најчесто е предизвикана од размислување за минатото. Без разлика дали се работи за фразите „барем тогаш“ и „можев“ или страдање поради поранешна врска, работа или начин на живот, животот во минатото секогаш со себе носи негативни чувства на тага, копнеж и разочарување. За да бидете среќни, важно е да го оставите минатото зад себе и да уживате во она што е до вас или што ве чека. Не можете да го промените минатото, сегашноста зависи од вас и затоа е важно да ја искористите на позитивен начин.

 

 

 

 

Слични објави

(Видео) Трча и ја гушка иконата! Никола Роквиќ откри колку пари собрал за само 10 дена од патувањето за Грција

Еспресо

Ужасен предлог: Милица Павловиќ низ солзи му се дерела на Саша Поповиќ

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ фати риба за која може само да сонува! Пејачот се пофали на социјалните мрежи

Еспресо

(Видео) Северина пееше во Дубровник, Новак Ѓоковиќ уживаше на концертот: Публиката во транс

Еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша брутално му одговори на Душко Тошиќ: Еве што мисли за девојката со која е уловен во Дубаи

еспресо
Се вчитува....