3.8 C
Скопје
07:11 - 20 октомври, 2026

Ова се шесте заблуди за сексот по педесетатта!

Еве типични заблуди за оваа важна животна активност…

Либидото не може да се ограничи со годините на живот. Кој вели дека сексот станува дел од минатото во средната животна доба?

Еве типични заблуди за оваа важна животна активност…

 1 Постарите жени се лоши љубовници

Неточно! Со векови постарите жени ги воведувале помладите мажи во светот на задоволствата. Искуството и мудроста се на ваша страна. Затоа бидете горди на себе.

Ако ве обземе малодушност, победете ја со потсетување на споменатиот факт, или метнете се на некои славни жени што и во шестата, па и во седмата деценија од животот се олицетворение на сексапил – Сузан Сарандон, Хелен Мирен, Мерил Стрип и многу други.

2 Постарите жени не сакаат орален секс

Тоа е дел од потребите и од преференциите, а не од годините на живот – некои жени сакаат орален секс а некои не. Годините на живот и стекнатото искуство можат само да ѝ дадат самодоверба дека жената го прави она што ѝ годи, а не само за да го задоволи партнерот.

3 Постарите жени не сакат секс колку што го сакаат постарите мажи

Жените сакаат само повеќе разговор за време на сексот. На жените им е потребна предигра, како и да почувствуваат дека се посакувани. Ако вашиот партнер не го сфаќа тоа, отворено поразговарајте со него.

За многу жени , предиграта започнува со нежен поглед, зборови и допири, кои не мора задолжително да бидат со еротска природа и можат да траат цел ден. А сексуалната желба не се гаси од биолошки причини, односно поради годините.

4 Либидото побрзо опаѓа кај постарите жени отколку кај постарите мажи

Тоа е многу комплексно прашање. Сексот е многу повеќе од физичка пенетрација. Нежни допири, милување и бакнежи – сето тоа е дел од сексуалната предигра.

Физичката активност може да придонесе во одржување на либидото, како и одредена хормонска терапија, доколку е потребно.

Многу жени тврдат дека по 50-та година од животот точно знаат што им е потребно, а со големото искуство, тука се сите предуслови за добар секс.

5 Постарите жени немаат сексуални фантазии

Многу жени активно размислуваат за сексот и фантазиите се составен дел од нивниот живот.

Од друга страна, ако за време на сексот размислувате за други нешта (или за трето лице), тогаш дефинитивно треба да испробате нешто или некој попривлечен.

Фантазиите се нормален начин на функционирање на мозокот. Но никој не умее да чита мисли.

Затоа, ако сакате да реализирате некоја од своите фантазии, за која верувате дека ќе ви го зголеми задоволството, тогаш предложете му ја на партнерот.

 6 Сензитивноста на интимните делови е помала кај постарите жени

Тоа зависи од жената. Иако хормонските промени кај многу предизвикуваат сувост на вагината, сепак тоа не е правило. Во тој случај постојат многу решенија, а едно од најефикасните е примена на лубрикатни на водена основа.

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо

„Немам време за себе“ – реченицата со која полека се ставаме на последно место

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо
Се вчитува....