9.8 C
Скопје
09:21 - 19 октомври, 2026

Кинески научници тврдат дека можеби стапиле во контакт со вонземјани

Кинeскиот државен журнал Science and Technology Daily објави дека кинескиот џиновски телескоп Sky Eye можеби забележал знаци на вонземски цивилизации. Но, во контроверзен пресврт сензационалната вест и извештајот со објавите за откритието мошне бргу беа отстранети од сајтот.

Дали Кина крие дека стапила во контакт со вонземјаните или можеби кинеските научници забележале грешка во наодите?

Во јуни 2020 година беше најавено дека Кина наскоро ќе пренесе голем дел од процесорската моќ на својот сферичен телескоп со отвор од петстотини метри (FAST) во потрага по вонземски сигнал. Сега се чини дека телескопот можеби открил нешто.

Електромагнетните сигнали со тесен опсег, откриени од Sky Eye (најголемиот радиотелескоп во светот) се разликуваат од претходните забележани сигнали и тимот дополнително ги истражува, се вели во извештајот објавен на сајтот на Science and Technology Daily, цитирајќи го Жанг Тонџи, главен научник во тимот за потрага по вонземска цивилизација. Извештајот набргу беше избришан, но во него се шпекулираше дека џиновскиот телескоп Sky Eye можеби детектирал навестувања за постоењето вонземски цивилизации. Засега не се знае зошто извештајот е избришан, но тој беше доволно долго достапен онлајн за да може го преземат и пренесат други извори на вести.

Огромниот радиотелескоп по пет години градба беше завршен и пуштен во употреба во 2016 година (види ЕМИТЕР 9-10/2016, “Кина го пушти во работа најголемиот радиотелескоп во светот”). Иако “чинијата” има пречник од 500 метри, вообичаено алатката истовремено користи само еден дел од 300 метри за да се фокусира на небото.

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо

„Немам време за себе“ – реченицата со која полека се ставаме на последно место

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо
Се вчитува....