5.8 C
Скопје
07:51 - 26 април, 2024

Дневен хороскоп за 06.12.2019: Ќе има искри помеѓу Биковите и некој нивни близок пријател, а Водолиите ќе се зближат со саканата личност уште повеќе

ОВЕН
Денес ќе имате одлична работна атмосфера. Земете ги во предвид и предлозите на колегите, бидејќи така успехот ќе ви се зголеми. Му недостига внимание на партнерот од ваша страна, приредете некакво помало изненадување или романтичен состанок. Можна е помала настинка, затоа конзумирајте повеќе витамини.

БИК
Тоа што долго време го посакувавте, тоа и ќе се случи. Конечно вашата вредна работа и труд ќе бидат приметени од страна на вашите претпоставени. Позитивно ќе бидете изненадени од страна на ваш близок пријател, а можни се и искри. Внимавајте на зглобовите.

БЛИЗНАЦИ
Околу вас има блиска личност која ви прави лице. Немојте да верувате секому и не дозволувајте никој друг да влијае на вашите одлуки освен самите вие. Љубовта нема да ви тропне на врата, затоа искочете и прошетајте. Отидете некаде на чист воздух.

РАК
Немојте да дозволите секој негативен коментар да допре до вас и да ве демотивира. Некој од тие критики се добронамерни. Вашите амбиции се многу привлечни за некој ваш колега. Авантура е на повидок, а од вас зависи дали ќе се препуштите на неа или не. Бидете покомуникативни.

ЛАВ
Стиснете заби и продолжете. Вие сте храбри и ќе го пребродите тоа. Немојте да тежнеете по нечиј туѓ партнер, бидејќи кармата ве следи. Искочете и ќе се изненадите од изборот со кој не морате да штетите на другите. Убаво ќе ви дојде некој пократок одмор.

ДЕВИЦА
Партенер од вашето минато ќе сака да се врати во вашиот живот. Размислете убаво пред да ја прифатите понудата кои се позитивните, а кои негативните страни. Сепак на крајот одлучете тоа што вас ве прави среќни и не ги слушајте другите, следете го срцето. Внимавајте на храната што ја конзумирате, бидејќи можни се проблеми со варењето.

ВАГА
Немојте да се изгубите себе си поради некоја друга личност. Никој не е побитен од самите вас. Бидете тоа што сте и уживајте! Вашта харизма ќе биде неодолива за некоја личност. Можно е да започнете кратка авантура со некој колега/колешка или многу близок пријател. Бидете поактивни.

СКОРПИЈА
Иако некои од колегите малку ќе прават драма и ќе бидат пречувствителни , добрата страна е што тоа ќе донесе креативност и ќе донесе нови решенија. Веќе нема да можете да ја идеализирате својата најсакана личност , зашто стварноста ве разубедува. Прифатете ја. Одморете се по напорниот ден.

СТРЕЛЕЦ
Ќе ги заборавите непотребните грижи и ќе се обидете да се концентрирате на она што мора да се решава во односите. Нема веќе да се збунувате. На цврстите темели вие почнувате да развивате нов долгорочен план на дејности кои имаат иднина. Задржете ја добрата физичка форма.

ЈАРЕЦ
Вашиот позитивен став ќе ви донесе поен повеќе во договарањето на работите. Ќе го употребите и својот шарм. Пред вас е квалитетен ден во кој ќе ги игнорирате повремените мали нервози и со љубов ќе ги победувате. Уживајте во продолжениот викенд со саканата личност и пријателите.

ВОДОЛИЈА
Малкумина ќе се решат да вложат средства во вашите напредни идеи , поради што се чувствувате по малку осамени. Ќе се зближите со саканата личност уште повеќе и тоа ќе даде одлични резултати. Пазете се од настинка или грип.

РИБИ
Она што сте го замислиле нема да се развива според планот. Потребно е поголемо разбирање за другите и почеток на сериозна соработка. Како и до сега, хармонијата во љубовниот живот е тука. Отидете на некој романтичен состанок со партнерот и двајцата уживајте после напорниот ден. Можни се болки во грлото, пијте топло.

Слични објави

Хороскоп за среќа: Најповолните денови во мај за секој хороскопски знак

еспресо

Астропрогноза за четврток, 25 април: Скорпиите да не преземаат ризик, за Девиците неочекувани обврски

еспресо

Бела низа денови: Два хороскопски знаци ги чека исполнување на соништата

еспресо

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Астропрогноза за среда, 24 април: Неодоливост за Лавовите, нови сојузници за Рибите

еспресо

Крајот на април ќе израдува три хороскопски знаци: Еве кои се среќниците

еспресо
Се вчитува....