21:50 - 8 ноември, 2026

ФОТО+ВИДЕО: Првата дама на Македонија воодушеви на посетата кај Папата во креација со симболична порака испишана на глаголица

Црн формален костим со долги ракави според строгите протоколи и вел со кој се покрива главатa и на кој со глаголица е испишана реченицата „Зарем сонцето не нè грее сите“ беше изборот на Првата дама Елизабета Ѓоргиевска.

EPA-EFE/VATICAN MEDIA HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Таа заедно со Претседателот Стево Пендаровски отпатува во Рим, по повод чествувањето на Свети Кирил и Методиј, за време на официјалната посета на Ватикан, нa аудиенција кај Папата Франциск.

Од посебно значење е и симболиката вметната во везот на велот, во кој е содржана реченицата „Зарем сонцето не нè грее сите“, испишана на глаголица. Ова е референца на настанот во базиликата Санта Марија Маџоре, каде што во IX век папата Адријан Втори ги благословил азбуката и книгите напишани од светите браќа Кирил и Методиј.

„Човече, кажи ни како си им ги создал на Словените книгите и ги учиш од нив, што досега никој не измислил, ниту апостолите, ниту римскиот папа?“ А ние знаеме само три јазика на кои е достојно во книгите да се слави Бог – еврејски, елински и латински“. Кирил на тоа им одговорил: „Не врне ли дожд од Бога подеднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така за сите? Зарем не дишеме воздух сите подеднакво?“, стои во деталниот опис на Георгиева за „Независен“.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....