11.8 C
Скопје
07:04 - 8 мај, 2024

Емотивна средба на мачка и голем тигар која ќе ви ги растопи срцата (ВИДЕО)

Средба меѓу мало домашно маченце и голем тигар од зоолошка градина, претставува доказ дека разликата во големината и силата не мора да биде пречка за пријателство помеѓу животните.

Снимката набргу станала многу популарна на интернет.

Двете мачки се сретнале во зоолошка градина во Ростов. Иако ги разделувало стаклото, сепак животните воспоставиле врска, а се обиделе и да се допрат.

Домашната мачка не се исплашила кога го здогледала својот далечен роднина, а тигарот за време на дружбата бил многу љубопитен.

Во еден момент мачките дури се имитирале една со друга и така ги здобиле симпатиите на присутните набљудувачи.

И покрај големите разлики, тоа претставувало единствена прилика да се запознаат и заедно да уживаат во прекрасниот сончев ден.

Погледнете го видеото:

Слични објави

Велика сабота: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

Велика среда: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Велики вторник: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо
Се вчитува....