И Прличев би „киснел“ „КАЈ СЕРДАРОТ“, па камоли ние (ВИДЕО)

Да бевме од оние кои делат „мишлен“ ѕвездички, на кафеаната „Кај Сердарот“ ќе ѝ дадевме три ѕвездички. Толку се максимум, според гастрономските критериуми дефинирани вака: „една ѕвезда е за – многу добар во својата категорија, втората за извонредна кујна, а третата за исклучителна храна. Ама „пошто“ не сме, ете, му доделуваме на „Кај Сердарот“, три големи букви М. Значи, МММ….

Што дегустиравме? Ич не прашувајте. „Тргнавме“ од шопска со нафора, продолживме со гравчето на тавчето (што би рекле, странците, кои се постојано тука), брилиравме со домашни колбаси, завршивме со превкусна 10-ка со кромид, па се облаживме со плескавица со кајмак.

За оваа легендарна кафеана, сместена во срцето на Старата скопска чаршија, се бара место повеќе. Со години, (нај)високо котира на „Трип Адвајзор“. А, зад целата оваа гастрономска приказна стои харизматичниот прилепчанец Влатко Ачески, кој си ја крстил кафеаната по љубовта кон делото на македонскиот поет и преродбеник, Григор Прличев.

За сите свои муштерии да успее да стигне да ги услужи и послужи на најдобар можен начин, газда Влатко има повеќе раце, како оние индиските божества. Едни од нив (мислиме на рацете) се викаат Лепа, Давор, Влатко…

Муабетот со Влатко погледнете го во видеото.

Слични објави

Анџелина Џоли е чекор поблиску до олтарот!

Еспресо

Израдувајте ги најмилите – Банана торта во чаша

Igor

Хороскоп за 18 февруари вторник – Стрелците ги очекува нова љубов, Рибите ќе добијат пари

Еспресо

Потрошила богатство и си ги зголемила усните дури 20 пати, не планира да запре!

Еспресо

Необично вкусно: Бомбици од кашкавал и маслинки (РЕЦЕПТ)

Еспресо

Дневен хороскоп за среда, 4 март: Лош ден за Лавовите, Водолиите ќе добијат шанса за напредок во работата

Еспресо

Остави Коментар

петнаесет + оне =

Слични објави

Дневен хороскоп за 3 мај

Еспресо

Позира од карантин: Катарина Ивановска само по градник и тесни фармерки! (ФОТО)

Васко Спасоски

Убавата скопјанка Ангела Јакимовска освои титула за „Miss Best Body“ на „Miss Europe“ во Бејрут! (ФОТО)

Васко Спасоски

Премиерно претставена песната со која Васил Гарванлиев ќе не претставува на Евровизија (ВИДЕО)

Еспресо

Порака од докторка која може да ви го спаси животот – „Ви благодариме за аплаузот, но овие две важни работи не ги правите“

Слободен печат

Патуваме во Австрија – Погледнете ги сите убавини за само 3 минути (ВИДЕО)

Еспресо