15.8 C
Скопје
13:43 - 15 мај, 2024

ШТО НИ ПОДГОТВИЈА ЅВЕЗДИТЕ ЗА 24.ФЕВРУАРИ: Трпеливост за Биковите, креативност за Вагите, нови можности за Рибите…

дневен хороскоп

Овен

Немојте да се однесувате надмено периодов, особено не со најблиските или со соработниците. Пробајте да се смирите во наредните ситуации, затоа што од нив ви зависат идните одлуки и финансиската состојба. Бидете умерени во односите со околината. Преговарајте со пријатели за заедничко патување, или предложете им некоја нова авантуристичка идеја. Во љубовта само полека.

 

Бик

 

Деталите во животот ви се многу важни, и ако немате увид на истите, не добивате јасна слиика за она што се бара од вас, па станувате нервозни. Не брзајте во одлуките и барањата. Добивате скриени пораки од личност од спротивниот пол, но не знаете точно за што се работи. Периодов ќе ви треба повеќе трпение.

Близнаци

На работното место сте секогаш во добро друштво, никогаш не ви е здодевно и редовно имате теми за разговор. Довербата кај вас се заоснова на силни емоции и тешко е да остварите близок однос со некој што ви е допадлив, така што оставете си простор за некого добро да процените пред да почнете некаква сериозна врска.

Рак

Одите на службено патување или состанок кој не е првенствено наменет за вас. Иако сте свесни за тоа и се лутите, немојте да правите драма, останете професионални до крај. Во врската имате важни прашања кои ве мачат, но се плашите да ги поставите во реалноста, затоа што одговорите нема да ви се допаднат. Грижете се повеќе за менталната хигиена.

Лав

Вашата позитивна енергија ќе направи голема мотивација во работното опкружување, но точно ќе знаете кај кого сте поттикнале инспирација и ефикасност. Во љубовта сте упорни, но иако емоциите не можете да ги присилувате, едноставно откажете се ако некоја релација ве заморува. Посветете повеќе внимание на движењето и грбот.

Девица

Сте правеле грешки и свесни сте за тоа, но знаете и самите дека секој има право на втора шанса. Само кај вас проблемот е што барате одговорност кај другите, особено од оние што не ве ни знаат доволно. Избегнувајте конфликти, а во исхраната внесувајте доволно хранливи намирници. Напредок во една комуникација што ве мачи.

Вага

Периодов сте креативни и посветени на создавање нови прилики за работа и надвор од неа. Се мотивирате од блиски луѓе и соработници и добро ви оди. Провокациите од страна на партнерот не ги земате здраво за готово, но истовремено останувате на ваша страна без да потпаднете под негово влијание. Објаснете му на партнерот дека само ја влошува ситуацијата. Пијте повеќе вода.

Скорпија

Не ви одговараат разговорите што ги водите со колегите, но не сакате да влегувате во конфликтна ситуација. Имате право да им кажете ако тие влијаат на некоја ваша одлука. Имате право на лична приватност и време за себе. Немојте да реагирате импулсивно кога некој ќе ви се појави на хоризонтот на љубовта. Напнати сте, и може да погрешите. Смирено и со многу волја бидете свесни за периодот.

Стрелец

Ако имате интензивни недоразбирања на работа со вашите соработници или надредени, можеби е време да „кренете рачна“. Останете професионални и доследни до крај. Не ги игнорирајте ги пораките што телото ви ги испраќа во облик на болки во рамената, дигестивниот тракт и губење енергија. Ако не можете да земете одмор, барем побарајте совет за помош.

Јарец

Полемизирањето не е ваш стил на разговарање, и не сакате да се спуштате на тоа ниво, едноставно тоа не ви е во природата. Сите проблеми што ќе ви се појават на патот, ќе ги решавате сталожено и мирно, што е и единствен начин. Пролетта ќе ви направи чудесни реакции во врска со една омилена личност. Ако имате алергии, помогнете си со соодветни лекови, не оставајте да се влоши состојбата.

Водолија

Оптимистични сте за многу нешта, а имате чувство дека работите нема да завршат како што сте се надевале. Полека се подготвувате за соработнички идеи и улоги во кои ќе брилјирате. Некои договори ќе бидат во ваша полза. Ќе се израдувате и на една личност од вашето блиско минато со кое имате многу драги спомени, но нема да можете да развиете подлабок однос.

Риби

Добивате некакви нови можности на работното место и имате добра клима за работни преговори. Посветете ја сета ваша енергија на реализиација и соработка со партнерите. Во љубовта имајте предвид дека молчењето не е секогаш злато – ако нешто ви пречи, гласно кажете го. Внесете повеќе физичка активност и рекреација во секојдневието.

Слични објави

Астропрогноза за среда, 15 мај: Одлична понуда за лавовите, пари за биковите

еспресо

Конфликтите се неизбежни: Кои со кои хороскопски знаци никогаш нема да се разберат!

еспресо

Астропрогноза за вторник, 14 мај: Дожд од пари за овенот, непријатни вести за стрелецот

еспресо

Главните комплекси на мажите според хороскопските знаци: Еве што ужасно ги измачува

еспресо

Астропрогноза за понеделник, 13 мај: Неочекувани можности за Овните, успешен ден за Лавовите

еспресо

Доаѓаат пари: Два хороскопски знаци ќе се позлатат до крајот на неделата

еспресо
Се вчитува....