13:47 - 19 август, 2026

ХРАНА КОЈА НЕ ТРЕБА ДА ЈА ЈАДЕМЕ ЗА ПОЈАДОК: Меѓу петте намирници ја има и најомилената!

Појадокот е најважниот оброк во денот, но дали што сакаме можеме да јадеме за појадок?

Утринскиот оброк му дава на организмот енергија и го контролира нивото на шеќер, само доколку сме разумни во изборот на намирници. Во спротивно, од најважниот оброк во денот лесно може да направиме оброк кој ни носи само тежина и вишок на килограми.

Овошен сок

Мислиме на оној кој е купен, во тетрапак. Изобилува со шеќер. Доколку денот сакате да го почнете со сок, тогаш нека биде свеж и цеден и тоа од овошје кое не изобилува со шеќер, на пример лимон или грејпфрут. Останатие сокови, дури и цедени, одложете ги за меѓуоброк. Тоа важи и за свежиот портокал, ако не мислите од него да исцедите само еден.

Мармалад на леб

Изгледа дека нема полош појадок од леб и мармалад за појадок особено ако количината е позамашна. Па уште и под мармаладот, лебот да го премачкате со маргарин. Станува збор за чисти јагленохидрати и шеќер кој ќе ви дадат чувство на ситост, но не за долго, и  нема да го разбудат вашиот организам, туку напротив ќе го забават.

Палачинки

Омилениот појадок на многумина е всушност повторно – леб и шеќер. Палачинките, крофните, мафините и вафлите се десерти, а не појадок и секако треба да се избегнуваат. Наутро сме најгладни, па од нив може да изедеме без мерка. Исто како и во случајот со мармалад и леб, само ќе го забават организмот и ќе ви помогнат побрзо да ставите некој килограм повеќе на себе.

Бурек

Популарниот македонски појадок бурекот време е да го дегустираме само како специјалитет (што навистина и е), значи не секојдневно и во мала количина. Многу вкусен, но мрсен и крајно нехранлив, ќе ви го задоволи чувството за ситост, ама ниту една здрава состојка преку него нема да внесете. Да не зборуваме за симит-погачите, односно за мрсен леб во леб. Ако веќе сте слаби на пецивата, паметен појадок може да биде мало ѓеврече со немасен јогурт.

Паштети и салами

Најголемиот дел на производи од обработено месо, вклучувајќи ги и колбасите, шунката, сланината, паштета, саламите – содржат нитрати, хемикалии кои се непосредно поврзани со појава на рак на дебелото црево. Секогаш двапати размислете пред да се нафрлите на нив. Попаметна варијанта за појадок е кајгана со малку пршут.

Слични објави

(Фото) Вистината за односот на Весна Змијанац и Реља Поповиќ — пејачката објави фотографија која откри сè

E.A.

Кога ќе се слушне првиот стих од „Дали чекаш стара мајчице“, тешко е да се замисли друг глас освен гласот на легендарниот Гоце Арнаудов

Т.Ц.

(Видео) Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се смирија по разводот — тој ѝ дојде на роденден, неговата нова девојка го отследи од Инстаграм

Еспресо

(Фото) Бојана Скендеровски имаше емотивна средба со својата наставничка: „Ми влеа љубов кон пишаниот збор“

Еспресо

Почина братот на Елвир Мекиќ, Јоце Панов му посвети срцепарателна објава

Еспресо

(Фото) Северина се прости од Ведрана Рудан и ги откри деталите од нивниот последен разговор

E.A.
Се вчитува....