14.8 C
Скопје
08:43 - 29 април, 2024

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (23. ДО 29. АВГУСТ): Љубовни маки за Овните, нови можности за Девиците, неочекувани случки за Водолиите…

Оваа недела планетата Венера во знакот на Вага ќе им донесе љубовни проблеми на кутрите Овни, но и на Раковите и Јарците… А вие, во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви подготвуваат sвездите оваа недела!

Овен: љубовни проблеми
Лошата позиција на Венера почнува да се чувствува: за жал оваа недела ќе има недоразбирања и дискусии со партнерот. Некои од вас може да се запрашаат дали ова е навистина вистинската личност за нив. Среда и четврток ќе бидат најдобри денови во неделата, благодарение на позитивната енергија која доаѓа од Месечината и која ќе ви донесе малку среќа.

Бик: интересна недела 
Ова ќе биде интересна недела, особено на работен план, во која може да се отворат нови можности. Поволниот Меркур ви носи нови средби, Марс – способност да се наметнете. И покрај дисонанцата на Јупитер, ситуацијата што стои веќе некое време може да се „отклучи“ и работите да тргнат напред. Искористете ги деновите петок, сабота и недела, кога прекрасната Месечина ќе ви донесе добри вести.

Близнаци: одложете за септември!
Сега кога Венера се врати да дејствува во ваша корист, вашиот живот во двојка дефинитивно е подобар отколку во првата половина на август: оние кои долго време биле со некого повторно ќе ја најдат страста и желбата за заедничка забава, додека слободните Близнаци би можеле да доживеат возбудлива авантура. Подобро да ги оставите работните грижи настрана и да ги одложите до септември, кога веќе нема да го имате Меркур во дисонантна позиција.

Рак: комплицирана недела 
Ова ќе биде малку комплицирана недела во однос на чувствата: Венера во неповолна положба ги нагласува тензиите помеѓу вас и вашиот партнер. Обрнете посебно внимание на деновите среда и четврток, кога исто така, ќе имате нервозна Месечина. Наместо тоа, подобро е да се фокусирате на среќните денови – понеделник и вторник, кога добри вести би можеле да пристигнат и на работното место. За да одолеете на нервозата, најдете си антистрес уживање.

Лав: во име на чувствата!
Дали сте подготвени да доживеете недела посветена на чувствата? Пред неколку дена планетата Венера се врати активна во ваша корист: слободните Лавови би можеле да запознаат некоја посебна личност, а кој знае дали оваа летна авантура не е предодредена да трае?! Најсреќни денови, со прекрасна Месечина на ваша страна, ќе бидат среда и четврток. Нервозна Месечина, сепак, помеѓу петок, сабота и недела.

Девица: Месечина во опоиција
Вашата недела не започнува на најдобар начин: во понеделник и вторник ќе мора да ја издржите опозицијата на Месечината, поради што ќе се чувствувате уморно, раздразливо и ќе немате енергија. Подобро ќе биде за време на викендот, кога ѕвездите ќе почнат да дејствуваат во ваша корист. Планетите Марс и Меркур ви ветуваат одлични резултати и можности што не треба да се пропуштат во контекст на работата.

Вага: да живее љубовта!
Драги Ваги, оваа втора половина на август е дефинитивно среќна за вашиот знак во однос на чувствата: Венера е подготвена да ги опсипе вашите денови со љубов. Ако сте слободни, сигурно ќе имате можности да стекнете нови пријатели… Во овој период би можеле да се родат важни приказни. Обрнете внимание на деновите среда и четврток, кога Месечината во опозиција може да ве натера да чувствувате мал стрес.

Шкорпија: моменти на напнатост
Драги Шкорпии, планетата Меркур оваа недела може да ви донесе дополнителна можност, без разлика дали станува збор за среќен состанок или добра вест на работа. Марс, од своја страна, прави да се чувствувате посилни и поенергични од било кога! Внимавајте, сепак, на Месечината во опозиција во петок, сабота и недела, кога може да доживеете моменти на напнатост со вашиот партнер или со семејството.

Стрелец: во закрепнување 
По првата половина на август комплицирана од сентиментална гледна точка, сега конечно успевате да закрепнете и да добиете малку ведрина, благодарение на прекрасната Венера на ваша страна. Најромантични (и насреќни) денови ќе бидат среда и четврток, со прекрасна Месечина подготвена да ви се насмевне. Сепак, некои непредвидени настани на работното место се можни во понеделник и вторник.

Јарец: ставете го своето спокојство на прво место!
Драги Јарци, планетата Венера во овој период – за жал – ви го сврте грбот: вие и вашиот партнер може да доживеете моменти на криза. Внимавајте да не ги засенувате секогаш вашите чувства: вашите работни цели се важни, но пред се – вашето лично спокојство. Деновите среда и четврток ќе бидат дефинитивно нервозни. Прекрасна среќна Месечина, пак, ќе ви се насмевне за време на викендот.

Водолија: неочекувано 
Вашата недела ќе биде среќна што се однесува до чувствата: планетата Венера ви се насмевнува и е подготвена да ви донесе нови, силни емоции. Најинтересни денови ќе бидат оние од среда до петок,  со прекрасна поволна Месечина. Во петок навечер, сабота и недела, сепак, можни се некои непредвидени настани: работите можеби нема да одат точно како што сте планирале, но на крајот вие сте некој/а што ги сака изненадувањата!

Риби: Месечина во опозиција
Драги Риби, вашата недела започнува со два дена со голема енергија: супер -среќна месечина ќе заблеска во вашиот знак во понеделник и вторник, подготвена да ви ја даде среќата и енергијата што ви се потребни за да се соочите со периодов. Меркур и Марс се во опозиција и создаваат проблеми и одложувања на работното место. Не грижете се: со доаѓањето на есента ситуацијата ќе биде предодредена да се подобри!

Слични објави

Стиснете заби до празниците: Судбината болно ќе ги погоди овие два хороскопски знаци

еспресо

Мелина тврди дека не ја слушала музиката на Харис Џиновиќ, тој ѝ одбруси: „Гледаше во мене како во споменик!“

еспресо

(Фото) Драгана во прегратки на млад маж: Кога срцето ќе застане…

еспресо

(Фото) Лазар Ристовски угол гол во осмата деценија: Секси најава на новата серија

еспресо

(Видео) Милица Тодоровиќ брутално навредувана поради физичкиот изглед: Пејачката се здебели над 20 килограми!

Еспресо

(Видео+фото) Какво изненадување! Сопругата и децата го пресретнаа Никола Роквиќ додека пешачи кон Грција

Еспресо
Се вчитува....