28.8 C
Скопје
12:04 - 9 септември, 2026

Хороскоп за понеделник 30 декември – Стрелците ќе влезат во кавга, Вагите ќе имате проблеми во љубовта

Што велат ѕвездите за денешниот ден.

Овен

Доколку сметате дека туѓиот план не е доволно добар, направете свој. Пробајте ги двата плана, па дури тогаш донесете конечен заклучок. Споредувањето со други лица, негативно влијае на вашиот љубовен живот.

Бик

Време е да се посветите на собирањето на контакти кои би можеле да ви помогнат да напредувате во кариерата. Слободните Бикови ќе имаат прилика да запознаат некое многу интересно лице.

Близнаци 

Ако сакате да ги постигнете сите зацртани цели, ќе морате да поработите на организацијата. Непотребно се грижите поради однесувањето на саканото лице. Се е во добар ред, не му наоѓајте замерки.

Рак

Време е да решите некое важно прашање, насочете ја вашата енергија кон тоа. Во љубовта одличен ден за планирање на патување со саканото лице.

Лав

Имате чувство дека колегите и надредените ви смислиле некој план зад вашиот грб. Прашајте ги отворено за намерите, не дозволувајте никој да ве прави глупави. Во љубовта имате чувство дека партнерот има преголеми очекувања од вас.

Девица

Имате одлични идеи, но не знаете како да ги реализирате. Некој од семејството ќе ви даде одличен совет. Еден неочекуван романтичен повик пријатно ќе ве изненади.

Вага

Конечно ќе добиете некоја многу важна информација поврзана со некоја личност. Бидете внимателни. Во љубовта се плашите дека саканото лице би можело да ве остави.

Шкорпија

Имате огромна потреба на луѓето од вашата околина да им објасните што и како треба да работат. Време е да оладите малку. Зафатените Шкорпии ги очекува пријатен ден со саканото лице.

Стрелец

Премногу е рано за конкретни промени на работа. Почекајте десетина дена, времето ќе ви биде од корист. Можни се мали кавги со саканото лице.

Јарец

Колегите ве опоменуваат дека е време да го промените своето однесување. Послушајте ги. Во љубовта нема потреба да го провоцирате партнерот.

Водолија

Денес ќе реагирате поимпулсивно отколку вообичаено. Можно е да повредите некоја личност, ненамерно. Во љубовта не се возбудувајте за некои ситници.

Риби

Поминувате многу време на работа и поради тоа ги запоставувате другите обврски. Партнерот има чувство дека не му посветувате многу време, и сосема е во право.

Слични објави

Дневен хороскоп за 9 септември: Очекувајте конкретни резултати за вашиот досегашен труд

apostolova

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Дневен хороскоп за 8 септември: Не избрзувајте во донесување на одлуките

apostolova

12 животински знаци, 12 совети: Откријте што сте во кинескиот хороскоп

Еспресо

Хороскоп за 7 септември: Мора да бидете практични и реални

Еспресо

Неделен хороскоп од 7 до 14 септември: Добар период за подобрување на материјалната ситуација

Еспресо
Се вчитува....