10.8 C
Скопје
01:24 - 24 април, 2024

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 16 ОКТОМВРИ: Не пропуштајте ја можноста за разговор

дневен хороскоп

Овен

Ако денес склопите некој договор, тој подоцна би можел да се менува. Партнерот ви е посветен и уживате во добриот однос со него. Љубовното поле ви е максимално исполнето. Наскоро можете да постигнете некои поголеми позиции. Делувате срамежливо пред претпоставените, бидете подиректни.

Бик

Размислувате за тоа да ставите точка на одредена деловна соработка која не ви се покажала како доволно корисна. Сметате дека вашиот партнер е тврдоглав и не ви е лесно да излезете на крај со него. Во последно време, често влегувате во расправии. Никој од вас не сака да попушти, дури и кога станува збор за ситница.

Близнаци

Уживате во вниманието на љубовно поле и задоволни сте од врската со партнерот. На работа, време е да ја преземете контролата во свои раце и да продолжите понатаму. Наскоро можете да постигнете некои поголеми позиции. Реагирате импулсивно и склони сте кон чести расправии со саканата личност.

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (11. ДО 17. ОКТОМВРИ): Силна интуиција ги води Биковите, Скорпиите многу ќе озборуваат…

Рак

Одлично се снаоѓате на новата работа и создавате позитивна атмосфера во комуникацијата со претпоставените. Пријатно сте изненадени и задоволни од деловните околности. Можете да очекувате успешен ден. На емотивно поле, нема знаци за големи промени кај вас. Избегнувајте конфликти со саканата личност денес.

Лав

Колку и да ви одговараат некои информации денес и ќе ви дадат голема надеж дека навреме ќе завршите една работа или обврска, ќе бидете загрижени за сѐ што е поврзано со финансискиот сегмент. Поради тоа, треба да ги избегнувате грижите и да се фокусирате на саканата личност. Врската ви е во криза.

Девица

Од една страна, колку повеќе успевате да ги завршите сите свои обврски и да постигнете интересни комуникации со потенцијални деловни соработници, толку повеќе ви пречи што не можете ниту од место да го поместите она што ви е најважно. Оставете за некој друг ден, ќе имате можности.

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ: Што велат планетите во полето на љубовта и кариерата

Вага

Не сте добро организирани, а идеите што ги имате никако не можете да ги спроведете во дело. Побарајте помош од близок соработник. На многу лесен начин можете да остварите комуникација со личност што ви се допаѓа веќе извесно време. Не пропуштајте ја можноста за разговор.

Скорпија

Oчекуваjте дека ќе можете да ја решите ситуацијата што ве мачи на деловно поле. Подготвени сте да им помогнете на другите во деловното поле. Не му верувате на партнерот и вашата врска полека, но сигурно влегува во посериозна криза. Односот со партнерот ќе биде нестабилен и променлив во наредниот период.

Стрелец

Мора добро да се организирате, можете да направите и прераспределба на работите, за да можете да стасате да ги исполните сите обврски. Ќе бидете нервозни, но можно е тоа да ви биде изговор и оправдување за да не одработите некои стари работи. Добра комуникација со спротивниот пол.

АСТРО ПРОГНОЗА ЗА ПОСЛЕДНИТЕ 3 МЕСЕЦИ ОД ГОДИНАТА: Следува олеснување и голем астролошки настан

Јарец

Можно е во текот на денешниот ден да бидете загрижени за нешта поврзани со работата и нема да ви биде лесно да ги решите проблемите. Очекувајте шанса да се вработите на друго работно место. Повлечени сте во себе и не можете да го остварите сето она што го сакате во комуникацијата со саканата личност.

Водолија

Пред вас е период во кој ќе бидете задоволни со работните околности. На емотивно поле, флертувате со повеќе луѓе и уживате во вниманието што го добивате. Мора да бидете поотворени и појасни ако сакате да промените одредени околности. Не потпирајте се на нечие ветување.

Риби

Бидете свесни дека ако се обидете да обрнете внимание на повеќе страни и да одработите повеќе задачи одеднаш, најверојатно ќе излезе дека нема да завршите ништо, а ќе бидете ужасно изнервирани. Побрзајте да пристигнете навреме таму каде што треба за да ја остварите средбата со партнерот.

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ мами воздишки во Мадрид: Ќе ве заболи глава кога ќе дознаете колку чини накитот кој го носи!

Еспресо

„Не знам како ќе заврши ова“: Марија Шерифовиќ ја откри причината зошто ја нема во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо

(Видео) „Дува силен ветар, ама…“: Се огласи Никола Роквиќ од патот кон Грција

Еспресо

(Фото) Први фотографии на Раста од болница: Раперот задржан поради големи болки

еспресо

(Фото) Пријател објави приватна фотографија на Дарко Лазиќ и Катарина: Вака не сме ги виделе

Еспресо

Раста итно примен во болница

Еспресо
Се вчитува....