9.8 C
Скопје
16 октомври, 2021

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 11 ОКТОМВРИ: Секој е роден со судбина

Овен

Вашето секојдневие е премногу здодевно за вашите желби. Расположени сте да истражите непознати територии. Вашите креативни проекти ќе имаат голема корист од оваа енергија. Трудот во вашите проекти ќе биде одраз на вашата внатрешна вистина. Плановите за патување може неочекувано да тргнат наопаку. Проверете ги вашите билети. Знаете дека некои работи се надвор од ваша контрола и тоа ќе ве спречи да се изнервирате.

Бик

Серија на настани за време на викендот може да ве остават потресени. Во хаосот, ќе ви биде лесно да ги обвините вашите околности, меѓутоа, она што се случува во моментов е сè само не случајно. Бидете трпеливи со Универзумот, дури и ако не ја разбирате скриената поголема причина. Сетете се дека уништувањето е неопходен чекор во процесот на создавање.

Близнаци

Процесот на еволуција не бара само да се ослободите од тоа како другите ве доживуваат, туку и од вашите перцепции за себе. Станува збор за почеток на патување што некогаш ќе биде многу страшно. Иако немате прирачник во овој момент, во ред е. Дајте си дозвола да направите многу грешки и дозволете му на животот да ве научи на она што треба да го знаете.

Рак

Планетите ве поттикнуваат да ги препознаете сите начини на кои се предавате себеси и своето јас. Ако нешто не е во склад со тоа што сте, време е да го пуштите и да го оставите со љубов. Понекогаш, стравот од непознатото нè спречува да донесеме одлука што ќе служи за наше поголемо добро. Со помислата дека заслужувате подобро ќе се ослободите од маѓепсаниот круг.

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (11. ДО 17. ОКТОМВРИ): Силна интуиција ги води Биковите, Скорпиите многу ќе озборуваат…

Лав

Вие разбирате дека грижата за себе е најголемата тајна и дека враќањето на внатрешната рамнотежата внатре е суштински дел од вашата цел. Средете ја внатрешната рамнотежа и ослободете се од вината поврзана со приоритизирањето на себе. Ова е исто така време за преиспитување на вашето минато. Претворањето на раните во мудрост отсекогаш бил ваш талент.

Девица

Денес може да се најдете пред некои прилично тешки избори. Со ​​кажано: да, на едно нешто, значи да се каже: не, на друго – и тоа не мора да биде лошо. Почитувајте го она што доаѓа од внатре. Од друга страна, за некои може да се појави нова романтична понуда. Планетите покажуваат присуство на некој кој е самоуверен во својата кожа и не се плаши да ги изјави своите чувства.

Вага

Не можете да поправите сè. Единственото нешто над кое имате контрола сте вие ​​и сегашниот момент. Ослободете се од тоа лажно чувство за контрола. Можеби се чувствувате како луѓето околу вас да не ве поддржуваат онака како што вие би сакале. Сепак, не дозволувајте да ве вознемирува тоа.

Скорпија

Дозволете си изобилство. Вашата идеја за изобилство е ограничена само на пари, а треба да ги вклучува многуте благослови што го прават живот пријатен. Вистина е дека можеби не сте биле сведоци на величествена промена на финансискиот план во изминатите неколку месеци, но тоа не значи дека не сте целосно поддржани да го надминете тоа.

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ: Што велат планетите во полето на љубовта и кариерата

 

Стрелец

Вистина е дека многу од вашите планови се во мирување во моментов. Некои од вас може да се борат со исполнување на вашите рокови и постигнување на вашите цели. Но, божествениот план е без маана. Направете го потребното, без да се предадете на чувство на разочарување. Знајте дека кога ќе дојде вистинското време, Судбината ќе ги намести работите за вас.

Јарец

Не можете да направите сè самостојно, иако сакате да верувате во тоа. Поставете реални цели и научете да делегирате. Луѓето можат да ве изненадат кога им верувате. Чувствувате внатрешен немир во моментот, бидејќи ја предавате сопствената вистина за да смирите друга личност. Почитувајте го она што ви го кажува вашиот внатрешен глас и направете го тоа без извинување. На крајот ќе најдете пријателско решение.

Водолија

Сите имаме судбина да ја исполниме. Треба да ја разбудите својата вистинска природа и да препознаете кои сте и за што дојдовте на светот. Со труд може да ги поместите многуте планини што ви стојат на патот во моментов. Да, ќе има луѓе кои садат семиња на сомнеж во вас и ќе ве одвратат од исполнување на вашата цел. Гласот на мудроста нека надвладее над стравовите.

Риби

Да се остави нешто за кое сте приврзани не е лесно, но сепак тоа е она што треба да го направите за да се ослободите од циклусот во кој сте заглавени. Отпуштете се со свесна љубов, и знајте дека светлина ве води кон подобро место. Ако се чувствувате изгубено и збунето, одете ден по ден. Патот ќе ви се открие.

Слични објави

ДАЛИ СТЕ ВИЕ МЕЃУ НИВ?: Ова се најљубоморните и најпосесивните хороскопски знаци

Еспресо

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Како да направите совршени ражничи овој викенд

jasmina.kantardzieva

(ФОТО) ЦВЕТЕН РАЈ НА 1.100 МЕТРИ НАДМОРСКА ВИСИНА: Искусна фризерка, „исфризирани“ цвеќиња!

Ј.К.Д

(ВИДЕО) 14 ГОДИНИ ТАГА ПО ТОШЕ: А кој може тебе да те заборави?

М.Т

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРЕЦИЗИРА: До колку степени ќе се згрееме и кога?

Ј.К.Д

ПЕТАР ГРАШО КОНЕЧНО СЕ ОГЛАСИ ЗА НОВАТА ВРСКА: Има уште многу нешта што не ги знаете!

Ј.К.Д
Се вчитува....