10.8 C
Скопје
09:59 - 18 април, 2024

(ФОТО+ВИДЕО) МАЈКАТА ИСЧЕЗНА СО ДВЕТЕ ЌЕРКИ ВО 1985 ГОДИНА: По триесет години, оваа приказна доби неочекуван пресврт! 

Мајката се соочува со обвинение за киднапирање и затворска казна од 20 години

Пред повеќе од 30 години, мајката ги киднапираше своите две ќерки и ги однесе колку што е можно подалеку од сопругот што ја претепал. Три децении подоцна, оваа приказна го доби својот епилог. Имено, на 26 август 1985 година, тогаш 37-годишната Елејн Јејтс, со двете ќерки, 4-годишната Кимберли и 10-месечната Кели, исчезнаа за време на тепачка за старателство со нејзиниот поранешен сопруг.

Елејн го открила својот сопруг, Расел Јејтс, за измама, кога настанала расправија во која тој ја претепал и таа исчезнала со нејзините ќерки од нивниот дом на Род Ајленд во САД. Во следните 30 години, Расел безуспешно се обидувал да открие каде се неговите ќерки. До неодамна.

Мајката сега се соочува со обвинение за киднапирање и ѝ се заканува каззна затвор од 20 години.

Имено, по тридецениска истрага, полицијата откри дека Елејн Јејтс некогаш живеела под нов идентитет како Лијана Волдберг со своите ќерки во Тексас. Компјутерски изработија фотографии  како би изгледале девојчињата денес, и врз основа на тие генерички фотографии, објавени на социјалните мрежи, беа пронајдени.

Мајката била пронајдена во нејзиниот нов дом во Хјустон, 3.000 милји подалеку. Ќерките, сега 35 и 32 годишни, се во брак и живеат со новите семејства. Нивните нови идентитети не се објавени. Мајката се соочува со обвинение за киднапирање и затворска казна од 20 години. Полицајците рекле дека Елејн не се спротивставила на апсењето и дека признала сè.

Јејтс беше уапсена во понеделникот и чека екстрадиција од Тексас во Род Ајленд. Ќерките, без оглед на нивната мајка, биле испрашувани во полиција и го добиле телефонскиот број на нивниот татко. Засега не е познато дали знаеле за нивниот претходен идентитет. Расел Јејтс исто така бил информиран за сè.

.„Постојано се обидував да ги најдам моите деца и конечно можам да ги контактирам“, рече Расел. Тој додаде дека сака да ја знае целата вистина и повторно да контактира со своите ќерки, но дека не му е грижа што жената е кривично одговорна. „Нема да ми ја олесни ситуацијата ниту мене, ниту на никого“, рече тој.

Извор: Стил 

Слични објави

Што појадуваат децата на Новак Ѓоковиќ секој ден: Билна исхрана подготвена од навечер

еспресо

(Фото) Внукот на Цеца го прослави првиот роденден: Раскош, сини балони, кадифени мечиња, елегантна трпеза

еспресо

Астропрогноза за четврток, 18 април: Вагите да си го отворат срцето, Јарците денес да се осамат

еспресо

Анѓелка Прпиќ ја отвори душата: „Кога се разведов…“

еспресо

(Фото) Сања Маринковиќ без грам шминка: Водителката покажа како изгледа кога ќе се исклучат камерите

Еспресо

Се смирија Мелина и Џина по бурниот период? Еве што направи ќерката на Харис Џиновиќ

Еспресо
Се вчитува....