Пусти лаги душа ми исушија

Дами мои, дами убави, дами паметни… го знаете ли оној бледо-зелен поглед, збунети фацијални мускули и уста видно згрчена? Трепкање стопати во секунда, малку молк, малку чешање и кај што не ги чеша?

Го знаете ли она чувство кога личноста на која сте ѝ поставиле прашање, глуми за Оскар дека не ве слушнала, па одлично сценски одиграно ви вели да повторите со цел да си даде време за нова експрес-лага.

А го знаете ли погледот кој не гледа директно во вас, туку во пајажината на таванот? Го знаете ли експлозивното реагирање и повишениот тон со кој лажгото со последни сили вешто ја игра својата улога во драмата?

Сте се запознале ли со цупкањето во место, чудниот сјај во очите и неартикулираното движење и наметнувањето на вина или нова тема во обид да се сокрие лагата? Претање со рацете… А што ќе кажете на горделивиот став кога за тоа воопшто нема потреба?

Доколку не знаете што ви зборувам, ви завидувам! За сите останати еве го одговорот…

Да, дами мои, дами најубави и дами најпаметни, тоа е лицето на лагата. Лицето и однесувањето на еден лажго. Лицето кое ве лаже и нема намера да престане. Не боли лагата, боли душата.

Зборувам за блиски личности, не за познаници, ниту за туристи кои прошетале во вашиот живот и заминале. Токму тоа боли.

Лицето кое не ве почитува, не заслужило ни да ве сака. Лице кое не треба повеќе да ве засега и лице кое наместо со Оскар треба да го испратите на нова драмска секција. Да научи нешто за себе, за животот и љубовта, за вредностите, за душата…

Не боли лагата на која не ѝ верувам, боли душата.

Боли душата која сè уште потајно се надева дека тоа не било лага. Боли, не прекинува, дами мои, дами најубави, дами најпаметни, свртете ѝ грб на лагата. Нека овене, нека пресуши, за душата да не ви ја исуши…

Слични објави

Сопругата на Ким Џонг Ун е жена без минато: На неа тренира дисциплина, а мора да ги трпи и неговите љубовници

Слободен печат

Меси се вљубил во Антонела уште кога имал 9 години: Ова е нивната неверојатна љубовна приказна (ФОТО)

Еспресо

Шерон Стоун во комбинација која ретко кој може да ја изнесе! (ФОТО)

Еспресо

Апсолутен хит ова лето: Овој модел на фустан и одговара на секоја фигура! (ФОТО)

Igor

Славните дами кои воодушевиле со своите фустани на венчавките! (ФОТО)

Еспресо

Стереотипи за жените во кои треба да престанете да верувате!

Слободен Печат

Остави Коментар

пет × оне =

Слични објави

Пилинг кој ефикасно го елиминира целулитот – Пробајте го веднаш!

Igor

Карираното повторно е во мода: 8 идеи за перфектен стајлинг! (ФОТО)

Igor

Наши миленици: МИСИ

Слободен печат

Играта Монопол, бришачите, шприцот… 10 изуми креирани од жени, што го направија светот подобар

Еспресо

Се за НОВИОТ ТРЕТМАН ЗА ПОДМЛАДУВАЊЕ кој засекогаш ќе го ИСФРЛИ БОТОКСОТ ОД УПОТРЕБА

Igor

Одличен предлог за денешниот ручек: Пикантни крцкави крилца од рерна (РЕЦЕПТ)

Igor