5.8 C
Скопје
01:14 - 26 април, 2024

СО ПЕРО ПРОТИВ ТЕШКАТА БОЛЕСТ: Скопјанката Симона пишува од 16та година, а боледува 19 години, сонува телото да ѝ се врати во нормалност, а со перото да го освои светот!

Симона Николова е млада, талентирана и амбициозна девојка од Скопје. Пишува од свои 16 години кога за првпат напишала краткометражно сценарио.

Имала желба да студира за режисер по завршувањето на своето средно образование, но живтот и зададал големи препреки, длабоки дупки кои секојдневно ја сопнуваат и ја туркаат да паѓа, но храбро се бори за да стане и да продолжи напред. Сака и има војла да ја исполни таа желба и еден ден да го води снимањето на свој филм.

Можеби тешката болест (Фридрикова атаксија – нарушување на нервниот систем и немање на рамнотежа на телото) од која боледува 19 години успева моментално да победува и да ја сопира да ги постигне своите цели, но Симона не се предава лесно. Сака да биде успешна, сака да изгради кариера и нов живот исто така, но надвор од Македонија сега кога лекот за болеста ѝ е пред прагот. Симона е борбена и позитивна и решена да го допре врвот.

Твојата моќ е пишаниот збор. Како е да се биде писател во ова (не)време во кое живееме?

– Можам да кажам дека за мене е одлично. Се борам за повеќе. Имам голема желба и сонувам на големо. Нема невозможни нешта.

Имаш напишано шест книги, следната е на пат… Колку време се занимаваш со пишување, како се роди желбата?

– Да, имам напишано шест книги, а седмата е на пат… Шесттата книга всушност ќе излезе од печат оваа година. Се спријателив со пишувањето на 16 години. Можам да кажам дека благодарение на болеста открив талент кој бил скриен во мене.

Кој е твојот мотив кога пишуваш, кои работи те водат низ целиот процес?

– Најголем мотив ми е желбата да има филмови според мои сценарија, сонот да дојдам до Холивуд со нив, а со моите книги да го достигнам светот. Но, за тоа треба упорно и напорно да се борам почнувајќи од нула, секако. Никогаш не чекам на готово, ниту сакам. Преферирам сама да се борам за моите цели, со тоа се гордеам.

Твоите книги покрај на македонски, се достапни и на англиски јазик. Какви се реакциите кои допираат до тебе?

– Моите книги ги има и на платаформата на „Амазон“ веќе втора година и за толку кратко време јас сум презадоволна. Добивам одлични коментари од оние кои сакаат да ги споделат своите импресии. Се купуваат во повеќе земји ширум светот, но најмногу ме радува кога ќе се купи во Индија.

Како влијае(ше) пандемијата на твојот креативен израз? Те мотивираше или демотивираше?

– Секој од нас поминавме, а и сè уште поминуваме низ многу тежок период, но лично мене многу ми помогна пишувањето да го пребродам овој период. Иако длабоко во себе се плашам да не ми наштети вирусот на моето кревко здравје, но не ме демотивираше. Напротив… Веќе втора година откако официјално почнав да се бавам со оваа прекрасна, сепак психички тешка професија.

Што си посакуваш и очекуваш од новата година?

– Да ме следи добро здравје, потоа успех. Всушност на сите им посакувам добро здравје. Оваа 2022 година очекувам конечно да излезе на светскиот пазар за храна и лекови лекот за Фридрајхова атаксија и дека по една година лечење 89% телото ќе ми се врати во нормалност како што и ветуваат научниците.

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....