4.8 C
Скопје
01:30 - 19 април, 2024

НЕДЕЛЕН ПАРИЧЕН ХОРОСКОП (10 до 16 ЈАНУАРИ): Кај Овните фокусот е поставен на долговите, Стрелците ќе постигнат баланс помеѓу бизнисот и љубовта, Лавовите на креативен начин ќе заработат…

Овен

Оваа недела фокусот е на долговите и туѓите пари. Се наоѓате во процес на промена на финансискиот живот на подобро, но можеби ќе потрае некое време пред да можете целосно да се извлечете од нелагодноста. Во меѓувреме, моќни луѓе ве охрабруваат да комуницирате повеќе, особено кога се во прашање вашите пари. Не дозволувајте другите да одлучуваат наместо вас.

Бик

Оваа недела ќе сфатите дека работата за поголема компанија или корпорација е најдобрата опција засега, поради поголемите придобивки што ви се нудат. Астролошките транзити покажуваат дека можеби ќе треба да размислите како да ги пренесете своите вештини на поглобален пазар наместо да се ограничувате на она што ви се нуди овде.

Близнаци

Според астролошките транзити ве очекува паричен предизвик. Можеби ќе треба да не оставите камен „непревртен“. Универзумот нема да ви дозволи да продолжите понатаму додека не го направите ова. Од даноци до план за пензија, најдобро е да ги соберете документите или да побарате помош. Активност на крајот на неделата значи дека ќе ги исплатите долговите.

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (10.-16.јануари 2022): Многу љубов за Јарците, Рибите и Скорпиите, двоумења за Вагите, убави вести за Водолиите!

Рак

Оваа недела фокусот е на кариерата и авторитетите. Со толку многу активности во оваа област од вашиот живот, можеби немате време да направите ништо друго. Но водени сте спиритуално за тоа како да се унапредите кон вашите цели. Слушајте внимателно. Имате толку многу мисли што можеби нема да можете да спиете!

Лав

Ставен е акцент на самовработување. Конечно има многу причини да го формирате новиот бизнис што долго ви е на ум. Бидејќи вашиот социјален живот се проширува, можете да соберете соодветен тим за да ги промовирате вашите идеи пред поголема публика. Аспектите внесуваат нова енергија во наставата и учењето. Парите доаѓаат кога го споделувате она што го знаете на нови, креативни начини.

Девица

Може да се чувствувате малку заробени оваа недела. Ова ќе влијае на кариерата и ќе донесе вести за вашите неодамнешни работни перформанси и нови идеи за каде сакате да се насочите. Сепак, може да е непријатно да се направат овие промени. Одлуките донесени сега треба да се вртат околу преземање одговорност за она што го должите и отплаќање што е можно побрзо.

ХОРОСКОП ЗА ЈАНУАРИ 2022: Љубовен месец за Девиците, Биковите и Рибите, кризи за Вагите и Раковите…

Вага

Можете да го добиете она што ви треба, а веројатно и нешто што навистина го сакате од моменталната работна ситуација, особено компензација. Можеби ќе треба да размислите за целната публика надвор од вашата земја за поголем успех. Размислете како да го вклучите духовен живот во вашата работа.

Скорпја

Размислете како да извлечете постојан приход од заеднички имот и инвестиции. Ова може да биде едноставно како изнајмување стан. Но, тоа исто така укажува на потребата да бидете внимателни во врска со собирањето на долгови сега, особено ако не сте навикнати на штедење. Вие сте вистински адут на работа, способни да правите сè, и повеќе од тоа.

Стрелец

Вие сте социјална пеперутка способна да го привлече точниот спој на бизнис и задоволство во вашиот живот. Вашата потрага по извонредност во менталната арена е од примарна важност. Вашето семејство, децата и романтичниот партнер се одлични диверзии, но не треба да ве оддалечат од фокусот.

ХОРОСКОП ЗА ПРВАТА ПОЛОВИНА НА 2022: Што го очекува секој хороскопски знак месец по месец

Јарец

Оваа недела можно е вашите емоции да бидат малку бурни, особено кога станува збор за работата. Наместо да се препуштите на работа што не ја сакате, искористете го ова време за да размислите што повеќе би сакале да работите или што би имало поголема вредност. Ако можете да ја држите главата горе, ќе сработите повеќе и ќе заработите повеќе.

Водолија

Астролошките транзите може да ги саботираат вашите планови. Сакате да го зголемите тоа што го имате што е можно побрзо, но подобро е да почекате до следната недела. Кон средината на неделата ситуацијата ќе олесни, што може да биде одлична прилика за да заработите многу пари. Работните услови се исто така поволни, но вашата работа може да биде во спротивност со вашите соништа.

Риби

Вашите планови за заштеда и инвестирање пари можеби се запрени привремено. Можеби ќе треба да почекате подоцна во месецот за да направите значителни планови за вашата готовина. Во меѓувреме имате деловна идеја што не треба да ја чувате во тајност. Луѓето од вашето минато можат да помогнат да се претвори во реалност.

ШТО ВСУШНОСТ ЗНАЧИ РЕТРОГРАДЕН МЕРКУР И КАКВА ЛЕКЦИЈА МОЖЕ ДА ИЗВЛЕЧЕТЕ: Луѓето од минатото повторно се појавуваат, вистините се разоткриваат, лошите сеќавања сега може да ги излекувате!

Слични објави

„Црна“ низа денови: Два хороскопски знаци ќе имаат неволји во втората половина на април

еспресо

(Фото) Секси мама: Антониа Гиговска во провокативен фустан на моден настан во Хрватска

Еспресо

Саботажа: Џенан Лончаревиќ се сомнева дека жена му намерно го одовлекува разводот со врски

Еспресо

(Фото) Цеца покажа во каков луксуз го прослави првиот роденден внукот Крстан: Како во бајка

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата се најдоа среде бурата во Дубаи: Споделија морничави кадри

Еспресо

(Фото) Ова ли е Меган Маркл? Облечена во маица од 60 долари и речиси беш шминка

еспресо
Се вчитува....