11:48 - 8 ноември, 2026

ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ НИ ПОДГОТВИ НЕОДОЛИВА ТОРТА – ДВОЈНА ЧОКОЛАДА: Не се мисли многу, одма во кујна! 

25 рецепти за 25.000 илјади вкусни и здрави навики со Cooking with Branko.

Двојна чоколада или соврпено слатко задоволство и за најпребирливите! Ќе ве освои со вкусот на белгиско чоколадо, бело чоколадо и какао. Не се мисли многу, одма во кујна! – вели шеф Бранко Попоски познат како Cooking with Branko.

Потребни состојки

За долниот дел:
– Чоколадни бисквити (400гр.)
– 1 цеден портокал
– 80гр. путер
– 200гр. мелени ореви

За кафеавиот крем:
– 150гр. белгиско чоколадо
– 2 пудинга од чоколадо
– 600мл. млеко
– 80гр. путер
– 1 лажичка екстракт од ванила
– 50мл. хопла

За белиот крем:
-150гр. бело чоколадо
– 2 пудинга од ванила
– 600мл. млеко
– 80гр. путер
– 1 лажичка екстракт од ванила
– 50мл. хопла

За преливот:
-150гр. белгиско чоколадо
– 2 лажици какао органско

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Branko Cooking (@cookingwithbranko)

Начин на подготовка:

Во длабок огноотпорен сад додадете ги мелените бисквите, оревите и путерот. Мешајте се додека не се растопи и не се соедини смесата. Исцедете го портокалот и додадете го во изладената смеса. Во округли сад, поставете ја смесата и притиснете ја со прсти убаво да се прилепи за садот.

Во тенџере додадете го млекото за пудингот и оставете да се вари. Потоа додадете ги кесичките со пудинг и убаво мешајте додека не се формира густа и убава смеса. Оставете го да се излади. Во сад додадете го путерот. Топете заедно со чоладото. Изладениот пудинг и растопеното чоколадо изматеге ги со миксер. Додадете ја и хоплата. Матете убаво се додека не добиете густа смеса. Истурете ја врз долниот дел. Израмнете убаво. Истата постапка повторете ја и со белиот фил.

За преливот: Во огноотпорен сад, додадете го чоколадото и какаото. Мешајте убаво се додека не се соединат состојките.

Преливот истурете го врз изладената торта.
Оставете да отстои во фрижидер околу 30минути, за да се стегне тортата.

Добар апетит!

Слични објави

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.
Се вчитува....