17.8 C
Скопје
12:55 - 3 мај, 2024

(РЕЦЕПТ) СТЕФАНИЈА НЕСТОРОВСКА НИ НАПРАВИ ПАЛАЧИНКИ ОД ЈАБОЛКА: Нахранете ги и непцето и душата

стефанија на

Есента е вистинското време за седење дома, на топло, гледајќи ја омилената серија, во која уште повеќе ќе уживате, ако целата атмосфера ја „зачините“ со некој здрав и вкусен деликатес. Иако на прв поглед, палачинките се нешто „веќе видено“, постојат стотици варијации како да ги приготвите и одново да уживате во нивниот разновиден вкус.

Младата инвентивна Стефанија Несторовска, која стои зад инстаграм-профилот и блогот snestorovska.com, денеска приготви есенски палачинки од јаболки во кој ќе уживаат сите љубители на овој деликатес кој никогаш не излегува од „мода“.

Потребни состојки:

  • 90 гр овесни снегулки
  • 60 гр млеко од бадеми (или млеко по желба)
  • 120 гр пире од јаболки
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 1 лажица јаболков оцет
  • 1 лажица мед
  • 1/4 лажичка морско оревче (зачин)
  • 1/2 лажичка цимет
  • 1/4 лажичка кардамом (зачин)
  • мошне малку ѓумбир во прав

Доколку користите купечко пире од јаболки внимавајте да биде со 100 отсто јаболки без додадени состојки.

Јаболковиот оцет се додава за да се добие реакција со прашокот за печиво која ќе помогне да пораснат палачинките при пржењето и да се добие тој мек ефект.

Фото: Приватна архива

Начин на подготовка:

Сите состојки се додаваат во блендер и се блендира неколку минути се додека не се добие соединета, кремаста смеса. Може да се користи и рачен миксер или пак, сите состојки рачно да се измешаат, меѓутоа, препорачувам да се користи блендер за максимум мазна текстура. Смесата се остава да отстои на собна температура 5-10 минути за да се згусне. Се загрева нелеплива тава за пржење на средно-висока температура и се додава малку кокосово масло или масло по желба. Кога маслото ќе биде загреано се додаваат околу 2-3 лажици од смесата и се израмнува површината за да се добие форма на палачинка. Се пржи околу 1-2 минути од едната страна, се превртува и се пржи уште 1-2 минути на другата страна. Се повторува со постапката со останатата смеса. Се додаваат преливи по желба и се сервираат топли.

Забелешки и совети:

  • Палачинките може да стојат 1-2 дена на собна температура или во фрижидер неколку дена.
  • Палачинките може да се замрзнат. Кога ќе се испржат, се оставаат комплетно да се изладат и се складираат секоја одделно во ќесички за замрзнување. Се оставаат во замрзнивач и до 5-6 месеци. За повторно консумирање може да се потпечат на тостер или, пак, во загреана рерна неколку минути се додека не се одмрзнат.

Извор: Слободен Печат

Слични објави

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо
Се вчитува....