21:16 - 9 ноември, 2026

ЛЕПА БРЕНА ОТКРИВА ЗА БЈЕЛОГРЛИЌ: Како се чувствувала на снимањето на „Ајде да се сакаме 3.“

Instagram

Брена во својот биографски филм се најде рамо до рамо со најголемите актерски имиња, а и се стресоа колената дури кога на ред дојде сцената во која разменува сочен бакнеж со Бјелогрлиќ во авионот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Легендарниот филм „Ајде да се сакаме“ („Hajde da se volimo”) има три продолженија, и Лепа Брена е главна актерка во тој филм. Како некој кој има многу сцени за снимање, се разбира дека во некои од нив не ѝ било баш пријатно.

За време на снимањето на третиот дел од филмот, во кој покрај неа главните улоги ги играа Никола Којо, Драган Бјелогрлиќ и Ивана Жигон, Брена имаше сцена во која требаше да го бакне Бјелогрлиќ во уста. На почетокот не сакала да прави такво нешто, а сега откри кој ја натерал и како ја надминала таа непријатност.

– Воопшто не ми беше пријатно кога режисерот Станко Црнобрња ми рече дека треба да го бакнам Бјела во уста – филмски. Му реков дека не можам, бидејќи не сум актерка, на што Црнобрња одговори – Сега си и те молам тоа да биде вистински бакнеж, сериозен и професионален – откри Брена во интервју за „Информер“ и додаде:

фото: лепа брена
фото: принтскрин/ јутјуб

– Ме фати инает и решив да не драматизирам многу, но го стиснав јазикот и го бакнав. Се сеќавам дека ми беше многу непријатно во тој момент, но падна камен од моето срце кога режисерот ми рече дека сум завршила одлична работа и дека сè изгледа природно – заклучи пејачката.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....