20:30 - 9 ноември, 2026

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Царски појадок – Качамак на модерен начин!

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

Во овие ладни утра, Теа ни преглага супер брз појадок, качамак на модерен начин. Иако оригиналниот качамак се подготвува со пченкарно брашно, за да биде побрзо и поедноставно, таа го подготвува со палента.


Потребни состојки:

🥓250 гр. палента
🥓900 мл. млеко или вода
🥓30 гр. путер
🥓1/2 лажичка мешан сув зачин
🥓200 гр. чварки
🥓100 гр. сирење
🥓1 лажица свинска маст

Подготовка:

Во тенџере на оган ставете го млекото да се загрева и во него додадете ги путерот и мешаниот сув зачин. Кога ќе почне да врие млекото намалете ја температурата и со постојано мешање почнете да ја додавате палентата. Варете некоја минута на тивок оган и потоа тргнете го тенџерето од оган. Со помош на лажица направете топчиња и наредете ги во тавче за печење. Измеѓу наредете парчиња сирење и чварки. На крај ставете од свинската маст и ставете го тавчето во загреана рерна на 250 степени 5-10 минути за качамакот да се потпече. Послужете го качамакот со кисело млеко или домашна салца и уживајте во вкусот.

На здравје!

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Сочни и неодоливи полнети компири – совршен оброк или мезе

 

Слични објави

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо
Се вчитува....