11:08 - 28 ноември, 2026

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Брз и превкусен чизкејк без печење во кој ќе уживаат сите

теодора георгиевска

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

Денес нашата драга Теа со сите вас споделува еден брз и превкусен рецепт за чизкејк без печење во кој ќе уживаат сите.

Потребни состојки:

  • 200 гр бисквити
  • 100 гр путер
  • 400 гр крем сирење
  • 130 гр шеќер во прав
  • 300 мл слатка павлака (хопла)
  • 400 гр. замрзнато мешано овошје
  • 100 гр шеќер

 

Начин на подготовка:

Бисквитите измелете ги и измешајте ги со стопениот путер. Оваа смеса ставете ја на дното од калапот за торта обложен со округла хартија за печење и убаво натапкајте ја. Овошјето ставете го во тенџерече заедно со шеќерот и оставете го да врие на тивок оган со повремено мешање околу 15 минути, за да испари течноста.

Во длабок сад со миксер измешајте ги крем сирењето и шеќерот и потоа додадете ја слатката павлака и мешајте уште 5 минути да се згусне. Оваа смеса распоредете ја врз бисквитот и ставете да се лади во фрижидер најмалку 3-4 часа. На крај ставете го изладеното сварено овошје и уживајте во вкусот!

На здравје!

Слични објави

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.
Се вчитува....