2.8 C
Скопје
05:23 - 19 април, 2024

(РАЗГОВОР+ФОТО) ПАРЧЕ УМЕТНОСТ КОЕ СЕ ОДЗИВА НА ЗБОРОТ НАКИТ: Украсете го телото и духот со Котев Ксенија

Колку емоции се потребни за да се изработи едно парче накит? Само еден дизајнер го знае тоа. Дизајнерката Ксенија Котев освоена од сивилото на среброто и правите сребрени нишни креира комплексен, мистичен и доминантен накит кој си поигрува со нејзината страст и инспирација.

Котев ја оживува филигранската уметност во нови облици. Својата страст кон накитот емотивно ја гаи уште од своите први чекори, а професионално во инспиративната Италија како Дипломиран Моден дизајнер на „Accademia Italiana“ и Магистер по Дизајн на Аксесоари – чанти, чевли и накит на „Domus Academy“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kotev Ksenija (@kotev.ksenija)


Во неколку реченици – Како започна приказната на брендот Котев Ксенија? Кои се неговите почетоци, тек и замисли за иднина? Обидете се да ни го раскажете како да имате мал песочен часовник пред вас.

Брендот Котев Ксенија датира од 2015 година. Доследна сум на својот дизајн, и би кажала дека секогаш се обраќам на една самосвесна, софистицирана и жена со слободен дух која ужива носејки парче уметност на себе. „КК“ го одразува автентичниот и современ дизајн со артистичен потпис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KotevKsenija (@kotevksenija)


Брендот и понатаму ќе продолжи да работи по принципите на одржлива мода. Плановите за иднината ќе се развиваат согласно со сите емоции, патувања и истражувања кои ќе ја обојат моменталната состојба на инспирацијата.

Што ве научи животот во Италија кога е во прашање модата. Има ли нешто заедничко со вашата родна земја?

Темел на успехот е детално да се истражува за да се оформи концепт. Чувството за естетика и традиција се водилки во двете земји.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KotevKsenija (@kotevksenija)


Брилијантни колекции, самостојни и групни изложби и соработки со други дизајнери. Среброто почнува да се топи полека, но сигурно во вашите раце креирајќи ги колекциите „Hidden stories“, „Cradle of desires“, „Rebirth“, „Colors of life“, но да зборуваме за вашата последна колекција, претставете ни ја…

Почнува од минатата година со колекцијата „Rebirth“. Предстоеше долг период на самоистражување низ се што предходно било за да разберам кои се боите кои моментално го бојат мојот живот. Медитации на 7те чакри ми помогнаа низ целото патување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kotev Ksenija (@kotev.ksenija)


Чувството на радост и инспирација може да се роди во секоја мисла, емоција и глас на интуицијата кое ги отсликува боите на животот. Ја зголемуваме свесноста на нашето вистинско, љубовно и духовно јас со прифаќањето на спиритуалниот живот кој почнува кога ќе се „родиш повторно.

Колекцијата брои 21 парче од 925 сребро и вклучени се 7 полускапоцени камења кои ги раскажуваат енергиите на 7те чакри. Колекцијата „Colors of life“ беше презентирана на „Slowscapes 4“. Во продолжение се изработени уште 5 нови парчиња за соработката која неодамна ја имавме со Ирина Тошева.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KotevKsenija (@kotevksenija)


Среброто е основата. Зошто токму среброто е вашиот избор?

Среброто е најдобар проводник на топлина, во превод за мене значи дека најтопло можам да ги изразам своите емоции преку дизајните. Играта со среброто нуди ексклузивност, елеганција и автентичност во дизајните. Филигранот како техника се надополнува да си исплете приказните на КК.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kotev Ksenija (@kotev.ksenija)


Од кои се материјали досега имате креирано накит, а кои ви се предизвик да пробате?

Сребро, алуминиум, месинг, полускапоцени камења, плексиглас, алгинат… Меѓутоа, среброто е тоа кое ме маѓепса, така што останувам лојална. Златото ми е еден предизвик кој во некое идно време би го додала во приказната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KotevKsenija (@kotevksenija)


Колку емоции се потребни да се изработи едно парче накит?

Танцување меѓу сите што постојат и не постојат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KotevKsenija (@kotevksenija)


Каде се имате изложувано досега, зборуваме за надвор од границите на нашата земја?

Надвор од границите на Македонија имам изложувано во Италија и Данска.

Фото: Приватна архива/Котев Ксенија
Фото: Приватна архива/Котев Ксенија
Фото: Приватна архива/Котев Ксенија
Фото: Приватна архива/Котев Ксенија
Фото: Приватна архива/Котев Ксенија
Фото: Приватна архива/Котев Ксенија
Фото: Приватна архива/Котев Ксенија
Фото: Приватна архива/Котев Ксенија
Фото: Приватна архива/Котев Ксенија
Фото: Приватна архива/Котев Ксенија
Фото: Приватна архива/Котев Ксенија
Фото: Приватна архива/Котев Ксенија
Фото: Приватна архива/Котев Ксенија
Фото: Приватна архива/Котев Ксенија
Фото: Приватна архива/Котев Ксенија
Фото: Приватна архива/Котев Ксенија
Фото: Приватна архива/Котев Ксенија
Фото: Приватна архива/Котев Ксенија

Слични објави

„Црна“ низа денови: Два хороскопски знаци ќе имаат неволји во втората половина на април

еспресо

(Фото) Секси мама: Антониа Гиговска во провокативен фустан на моден настан во Хрватска

Еспресо

Саботажа: Џенан Лончаревиќ се сомнева дека жена му намерно го одовлекува разводот со врски

Еспресо

(Фото) Цеца покажа во каков луксуз го прослави првиот роденден внукот Крстан: Како во бајка

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата се најдоа среде бурата во Дубаи: Споделија морничави кадри

Еспресо

(Фото) Ова ли е Меган Маркл? Облечена во маица од 60 долари и речиси беш шминка

еспресо
Се вчитува....