12.8 C
Скопје
10:51 - 25 април, 2024

(КОЛУМНА) ТАКСИ РАЗГОВОРИ ЗА НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ: И очите зборуваат, зарем не?

такси

Обожавам такси, иако не се возам често. Ама кога ќе се случи да ми притреба такси на долги, на кратки, на какви било дестинации многу се радувам.

Синоќа, во обид да си ја нахранам желбата за неврзани разговори и што побрзо да стигнам дома, си викнав такси. Секако, доколку најдеш такси од прв обид ти си неверојатно среќен човек. Е, јас не бев. Се јавувам во втора такси компанија, секако, нема слободно такси. Трет пат, трета среќа, такси за три минути.

„Возило 33 за 3 минути“, вели слатката диспечерка која звучеше како да се ослободува од сопствената душа преку слушалката.

Се симнувам пред зграда и додека мрзеливо ја барам маската низ ранецот, моето такси пристигна. Зад воланот седеше еден пристоен човек, облечен во карирана кошула во сини нијанси. Автомобилот мирисаше на бензин, цигари и пот. „Одлично“, си велам во себе, обидувајќи се да ја прифатам ситуацијата и да бидам среќна што воопшто успеав да најдам такси во овој неуморен град. Ја кажувам адресата која очигледно беше одличен стартер за мојот возач.

„Па ти живееш во најубавото маало“, вели човекот чии говорливи очи ме гледаат на ретровизорот. Не го делев неговото мислење за моето бучно маало, па не му одговорив.

Некое време се возевме молчаливо, без музика но, инспириран од бројните политички билборди кои го „красат“ нашиот град почнавме да збориме за политика.

„Ќе гласате?“, ме прашува, „Вие ќе гласате?“, му возвраќам со прашање. Почувствував дека се насмеа, ама насмевката остана зад неговата маска.

„27 години го возам овој град, ја знам секоја уличка, секоја дупка, го знам градов како дише. СЕМАФОРИТЕ НЕ СЕ СИНХРОНИЗИРАНИ, КАСНАТ, НЕМА ЧОВЕК ДА ГИ ПОПРАВИ. НЕМА ДОБРА СИГНАЛИЗАЦИЈА. ГРАДОТ пропаѓа, тоне. 27 години се обидуваат да закрепнат по некоја лузна, ама фушерај госпоѓо, ЗА НЕКОЕ ВРЕМЕ ПАК СЕ појавува ИСТАТА“, ми вели ПАЛЕЈЌИ СИ ЦИГАРА.

И додека итаме низ градот, овој прекрасен човек не прекинува да збори. Имаше некоја театралност во него, што толку многу ми се допадна, сакав да го слушам.

„Многу сакам есен. Есента уште ги враќа луѓето во градот. Се прибираат од одмори, од другите градови. Има народ. Има работа“, вели мојот шофер.

Го прекинува разговорот, додека им дава предност на неколку други автомобили.

„Госпоѓо, Ви менува ли нешто една минута?“, ми вели.

„Никако“, се смеам.

„Ама луѓето се, како да ви кажам, огорчени, лути, нервозни, брзаат, стално брзаат. знаете, јас Почнувам со работа во 6 наутро, па вие не знаете што се случува. Никој на никој ВЕЌЕ не дава предност, небаре доаѓа крајот на светот. А, доаѓа, не дека не“, – ете, и тој како да се смее…

Така дојде и крајот на моето возење. Повторно ѝ се заблагодари на госпоѓата за разговорот кој повеќе личеше на монолог и ѝ посака месецот октомври да ѝ донесе многу среќа.

Слични објави

Раста се огласи од болница, мора итно на операција: „На безобразните им посакувам исто да ги снајде“

еспресо

Се огласи сопругата на Никола Роквиќ: „И ние тргнуваме на пат за Грција…“

еспресо

Астропрогноза за четврток, 25 април: Скорпиите да не преземаат ризик, за Девиците неочекувани обврски

еспресо

Бела низа денови: Два хороскопски знаци ги чека исполнување на соништата

еспресо

(Фото) Никола Роквиќ запеа со уличен музичар: „Патот е секогаш посреќен со песна!“

еспресо

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо
Се вчитува....