19.8 C
Скопје
01:29 - 16 септември, 2026

Аца Лукас итно хоспитализиран: Побарал лекарска помош поради висок крвен притисок

Српскиот пејач Аца Лукас завршил во Ургентен центар откако побарал лекарска помош поради висок крвен притисок, пренесуваат српските медиуми.

Според објавените информации, по прегледот лекарите одлучиле да го задржат на болничко лекување, по што бил итно хоспитализиран. Засега не се соопштени повеќе детали за неговата здравствена состојба.

Ова не е првпат Лукас да заврши во болница. Пред две години, исто така бил примен во Ургентен центар поради покачена температура и други здравствени тегоби.

Тогаш очевидец кој се нашол на местото раскажал дека пејачот пристигнал како и сите други пациенти и чекал ред за преглед.

„Пред половина час го видов на влезот на Ургентниот центар. Како и сите граѓани кои дојдоа поради здравствени проблеми, и тој ја предаде здравствената книшка и чекаше во ред. Се гледаше дека не му е добро. И покрај тоа, љубезно им се поздравуваше на луѓето кои го препознаа. Лекарите потоа го внесоа во ординација и го задржаа на понатамошно лекување“, изјавил тогаш изворот.

Засега нема официјални информации колку долго Лукас ќе остане во болница, ниту дали неговата моментална состојба е поврзана со претходните здравствени проблеми.

Слични објави

Дара Бубамара без влакна на јазикот за Џејла: „Секогаш таа некако излегува сирота“

Еспресо

Ме испрати на пат на пеење и вечно се успокои: Ивона Јо со срцепарателна приказна за татко ѝ

Еспресо

Цеца откри како изгледа животот во домот на Анастасија по раѓањето на синот: „Тој сега е центарот на светот“

Еспресо

(Фото) Неда Украден во костим за капење собра комплименти, но и една забелешка

Еспресо

(Фото) Весела и разиграна: Каролина уникатно облечена скокаше на сцената во Гевгелија

Еспресо

Се сеќавате ли на девојчето Леонтина и нејзината измислена песничка за првиот училиштен ден? 10 години подоцна, направи нова верзија

Е.А.
Се вчитува....