11:02 - 19 ноември, 2026

(Видео) „Македонци, ако ве немаше, ќе требаше да ве измислиме“ — Јаков Јозиновиќ воодушевен од подарокот на скопската уметница

Хрватскиот пејач Јаков Јозиновиќ доби посебно изненадување на концертот во Ниш. Уметницата Андреа Петровска, која потекнува од Скопје, му подари слика на платно во која ги спои неговиот роден град и мотивите од неговите песни.

На делото е прикажан Јаков во Винковци, со детали што упатуваат на песните „Полје ружа“ и „4 ласте“. Внимателно избраните мотиви го направија подарокот особено личен за пејачот, чија реакција е забележана на видео што Андреа го сподели на Инстаграм.

Јозиновиќ не го криеше изненадувањето додека ја разгледуваше сликата. Кога дозна дека уметницата е од Македонија, ѝ возврати со зборови што го одбележаа нивниот разговор:

„Ах Македонци, ако ве немаше, ќе требаше да ве измислиме“.

Пејачот кажа и дека сликата ќе добие место во неговиот стан, покажувајќи колку му значи гестот на Андреа.

Слични објави

(Видео) Шлагот ја откри слатката тајна — Софија Манчева и Марио Јовановски го споделија полот на бебето

К.С.

Измешајте, испечете и уживајте — рецепт за мек овесен леб со свежо сирење

К.С.

Хороскоп за 19 ноември: Бикови, ќе имате среќа на секое поле

Еспресо

Ви се спие кога врне? Науката објаснува зошто звукот на дождот нè смирува

К.С.

(Фото) Беше најубавата Југословенка, ја изгуби светската круна поради голи фотографии, а и денес изгледа феноменално

Еспресо

(Видео) „Жената не е ничија сопственост“ — Александар Динев со порака против насилството и осудувањето на жртвите

К.С.
Се вчитува....