Македонските фитнес-тренери Софија Манчева и Марио Јовановски ќе станат родители на момче. Двојката го откри полот на бебето со торта, а видеото од моментот го сподели на Инстаграм.
Кога ја пресекоа тортата, синиот шлаг во внатрешноста откри дека очекуваат синче. Софија во описот на објавата напиша дека уште од почетокот чувствувала дека ќе добијат момче.
„Никој не можеше да ме убеди во спротивното. Те почувствував уште од твоето прво чукање на срцето“, напиша идната мајка.
View this post on Instagram
