21:53 - 18 ноември, 2026

(Видео) „Жената не е ничија сопственост“ — Александар Динев со порака против насилството и осудувањето на жртвите

Тиктокерот Александар Динев објави видео во кое реагира на насилството врз жените и на коментарите со кои жртвите се обвинуваат за она што го преживеале.

Во објавата, насловена „Доста е“, тој побара поддршка за жените што проговараат и реакција од луѓето што сведочат на закани, понижување или физичко насилство.

„Смачено ми е… Кога и да отворам социјални мрежи, константно гледам некоја нова објава поврзана со насилство спрема жените. И искрено не знам што повеќе ме нервира – насилството или коментарите коишто ги оставате под објавите“, вели Динев.

Тој ги осуди пораките дека жените „сами си го барале тоа“ или дека го заслужиле насилството. Според него, ваквите коментари дополнително ги повредуваат жртвите во момент кога им е потребна поддршка.

Динев го отвори и прашањето што се случува по пријавувањето на насилството. Порача дека охрабрувањето на жртвите да проговорат мора да биде проследено со заштита и навремена реакција.

„Прво, жената не е ничија сопственост. Не ѝ треба дозвола за тоа дали може да излезе од дома, како да се облече, да има свое мислење… Затоа што буквално самата може да одлучува за сопствениот живот“, истакнува тој.

Посебна порака упати до мажите што знаат дека нивен пријател ја контролира, понижува или малтретира својата партнерка. Ги повика да се спротивстават на таквото однесување и да не остануваат неми набљудувачи.

„Секоја девојка, секоја жена или било кој да е човек не заслужува да живее во страв, луѓе. Сакам да живеам во држава каде што ќе ги штитиме луѓето пред да е предоцна“, порача Динев.

 

View this post on Instagram

 

Слични објави

(Фото) Ела Дворник им покажа на своите ќерки фотографија од младоста, нивните реакции се вистински хит!

Еспресо

Соседите на Александра Пријовиќ откриваат што се случува во населбата по палењето на џипот: „Ова е мафијашка пресметка“

Еспресо

На Нада Топчагиќ ѝ дошла полиција, соседите ја тужеле: „Златко сега треба да плати 25.000“

Еспресо

(Видео) Тренер жестоко ја критикуваше Сека Алексиќ за изјавите за лекот со кој ослабела: „Какви инјекции, децата треба да спортуваат“

Еспресо

Азис искрено призна: „Екстремно сум мрзлив, а тие сакаат…“

E.A.

Мирјана Антоновиќ се потсети на тешките мигови: „Непријатниот телефонски разговор со сопругата на Мирослав Илиќ ми остави длабока трага“

E.A.
Се вчитува....