Хрватската инфлуенсерка Ела Дворник уште еднаш докажа дека не ѝ недостасува смисла за хумор, особено кога станува збор за сопственото минато. На својот инстаграм-профил, таа одлучи да покаже стара фотографија од тинејџерските денови бидејќи ја интересирало што ќе мислат за нејзиниот поранешен имиџ нејзините ќерки Бали Ди и Луми Рен.
Заедно со објавената фотографија од младоста, Ела додала краток опис во кој ја разјаснила ситуацијата. Таа напиша како Бали и Луми реагираат на неа како тинејџерка. Наместо само да ги прераскажува нивните впечатоци, на своите следбеници им понудила автентични гласовни пораки што девојчињата ѝ ги испратиле преку ВоцАп. Нивните непосредни и сосема спротивни реакции многумина насмеале до солзи.

Едно од девојчињата било доста воодушевено од некогашното издание на својата мајка и кратко и јасно ѝ рекло дека изгледа толку „кул“. Но, втората ќерка не можела да го скрие своето огромно изненадување кога малку подобро ја проучила фотографијата. Нејзината реакција беше многу побурна, особено кога ја забележала изразената темна шминка.
– Што е ова, по ѓаволите? Чекај, имаш црна сенка за очи. О, мој Боже, си била толку „емо“ – коментирало девојчето во гласовната порака.
Ела во тинејџерските години навистина имала значително поинаков стил, експериментирајќи со темна шминка, впечатливи фризури и алтернативна емо естетика. На тој стил денес гледа со допир на носталгија и хумор, а се чини дека новата генерација штотуку почнала да го открива мајчиното возбудливо минато.
