12.8 C
Скопје
03:00 - 26 октомври, 2026

(Видео) Тања Савиќ покисна на дождот, но покажа што значи да се биде професионалец

Музичката ѕвезда Тања Савиќ уште еднаш покажа зошто важи за една од најомилените пејачки на регионалната музичка сцена. Таа синоќа одржа концерт во Оџаци, а настапот го обележа момент кој ја воодушеви публиката и предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Само неколку минути откако излегла на бината и го започнала концертот, започнал силен дожд. Иако временските услови можеле да влијаат врз текот на вечерта, Тања не сакала да го прекине настапот. Продолжила да пее и покрај дождот, покажувајќи професионализам и посветеност кон публиката која дошла да ја слуша.

Нејзиниот гест публиката го поздрави со громогласен аплауз, а многу присутни истакнаа дека токму таквото однесување е причината поради која со години е меѓу најценетите изведувачи, пренесува Гранд.рс. Бројни снимки од концертот брзо ги преплавија социјалните мрежи, каде најчесто може да се прочитаат коментари дека Тања уште еднаш потврди каков професионалец е и колку ја почитува својата публика.

Да потсетиме, пејачката пред неколку недели одржа голем концерт во Арена Загреб. Спектаклот во хрватската престолнина привлече голем број обожаватели, а одличните впечатоци од тој настап сè уште не стивнуваат. Со синоќешниот концерт во Оџаци, Тања уште еднаш покажа дека публиката ѝ е секогаш на прво место и дека е подготвена да даде максимум без оглед на околностите.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vojvodina uživo (@vojvodinauzivo.rs)

Слични објави

Злата Петровиќ отворено за минатото: „Бев добра љубовница, но никогаш од корист“

Е.А.

Страшна тајна се крие во хитот на Цеца — „Расуло“ е напишана од две најголеми лични и семејни трагедии

Е.А.

Саша Капор со потресна порака за смртта на познатиот композитор Зоран Тутуновиќ – Тутун

Е.А.

Наташа Беквалац шокираше со признанието за гласот и сопствениците на клубови: „Не ме сакаат бидејќи со мене нема голем промет“

Е.А.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се преселија во Мадрид

Е.А.

(Фото) Ава Карабатиќ се спореди со Шарлиз Терон, следуваа брутални коментари: „Оди бери маслинки“

Т.Ц.
Се вчитува....