11.8 C
Скопје
06:24 - 26 октомври, 2026

(Фото) Марија и Бојан од „Ај кју“ прават свадба на Халкидики, Сара Мејс објави први детали

Марија Ивановска и Бојан Трајковски од дуото „Ај кју“ денес прват свадба плажа, на Халкидики.

Сара Мејс сподели неколку детали од уникатната венчавка во Грција која е во тек, а таа и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски се меѓу гостите.

„Ова се моите омилени младоженци“, рече пејачката и харфистка во своето видео кое го објави на Инстаграм-приказната. Сара го покажа младоженецот Бојан кој во 15.55 уште не е подготвен, а како што рече, тие добиле покана за свадбата од 16 часот.

„Само еден туш, бричење глава и готов сум“, ѝ вели Бојан на Сара во видеото во кое е облечен во бермуди и маица и опуштено јаде сладолед.

Инаку, во мај, Марија и Бојан споделија убава вест со своите следбеници , дека наскоро ќе станат родители.

Марија преку видео објава на социјалните мрежи откри дека е бремена. Во видеото таа покажа позитивен тест за бременост.

„Ај Кју со нов член? Да не треба уште некој тест?“, напишаа низ шега Бојан и Марија во описот на објавата. На следното видео, Сара ги објави Марија и Бојан за време на првиот бакнеж како маж и жена.

Двојката која ја претставуваше Македонија на Евровизија во 2018 година, неколку години живее и работи во Лондон, а повремено се враќаат во Македонија.

Слични објави

Злата Петровиќ отворено за минатото: „Бев добра љубовница, но никогаш од корист“

Е.А.

Страшна тајна се крие во хитот на Цеца — „Расуло“ е напишана од две најголеми лични и семејни трагедии

Е.А.

Саша Капор со потресна порака за смртта на познатиот композитор Зоран Тутуновиќ – Тутун

Е.А.

Наташа Беквалац шокираше со признанието за гласот и сопствениците на клубови: „Не ме сакаат бидејќи со мене нема голем промет“

Е.А.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се преселија во Мадрид

Е.А.

(Фото) Ава Карабатиќ се спореди со Шарлиз Терон, следуваа брутални коментари: „Оди бери маслинки“

Т.Ц.
Се вчитува....