10.8 C
Скопје
08:38 - 29 септември, 2026

КОКОДАКАЊЕ: Да се биде влакнест или не? Прашањето е сега!

ружа

И легната јас на нејзините чисти (се надевам) престилки, додека таа маневрира околу мојата лабиа и ја коментира нејзината нијанса и големина, фантазирам за ласерско отстранување, соочена со болка и никаков срам, пред жената што поинтимно се соочува со мојата вагина од мене.

Додека се дробиме под тешките стандарди за убавина, самиот Атлас што не може на грб да ги доноси, ми се плетка во главата постојано една мисла. Зошто упорно се депилирам?

И лежам така замислена. Дали се депилирам бидејќи сакам или се депилирам бидејќи морам? А, зошто морам? Навистина ли морам?

Кога влакната станаа нашиот најголем непријател?

Влакната како такви влегуваат во категоријата абјект(отпадоци), но зошто влакната на нашето тело ги регистрираме како отпадоци? Повеќето од нив се субјективно декоративни, но сега ќе се задржам на квази-дискусија за тие што се со заштитна функција и поконретно, ќе допрецизирам за влакната на нашиот интимен предел.

Депилирањето на нашата вагина е „тренд“ наследен од претходните генерации на човештвото, засилен со денешните очекувања од жената, кожата да ѝ наликува како таа на порцеланска кукла или скраја да е, бебешката. Бразилска, или депилација на интима се еуфемизмите со кои се користиме кога зборуваме за тој чудовишен чин кога легнуваме расчепатени пред жена со меки (надежно) раце и топол или по ново и модерно и побезболно ладен восок.

И чинот – тој конкретен се случува секогаш во простоиите исклучиво женски, во атмосферите исклучително вештачки, кои нè разубедуваат дека таа „заштитна ограда“ е нашиот непријател и причинител на грдотија. Секогаш (тој конкретен чин) е издејствуван од жена, или мојата депилаторка барем која е расположена да зборува за хороскоп.

И легната јас на нејзините чисти (се надевам) престилки, додека таа маневрира околу мојата лабиа и ја коментира нејзината нијанса и големина, фантазирам за ласерско отстранување, соочена со болка и никаков срам, пред жената што поинтимно се соочува со мојата вагина од мене, резонирам. Па нели депилацијата е врховното женско искуство?

И така „разубавена“ и лицемерна со принудна утеха се облекувам и станувам додека Ели од „Анели“ ме убедува дека јас како Девица не треба да се залетувам по воздушни знаци.

Марија Гегоска

Слични објави

Дневен хороскоп за 29 септември: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

(Видео) Теа Таировиќ го освојува светот: Хитот „Балканија“ одекна во познатата италијанска кошаркарска арена

Еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ во фустан од 500 евра ги остави сите без здив!

Еспресо

По раскинувањето, Ана Николиќ и Рале се смирија, а се појавија и детали за нивниот договор

Еспресо

„Селски приказни, јас сум машинерија“: Дара Бубамара откри што мислат за неа родителите на нејзиното помладо момче 

Еспресо

(Фото) Кој е новиот дечко на Ела Дворник? Покажа дел од него по долго време

Еспресо
Се вчитува....