19.8 C
Скопје
19:41 - 2 мај, 2024

„ЗАКОНОТ“ НА „ЗАРА“ ПОСИЛЕН ОД КОРОНАТА , тајната на успехот на милијардерот Аманчо Ортега

Во екот на коронавирусот, со отворени 7.200 продавници, дон Аманчо Ортега повторно во себе ја откри старата страст – ѕиглата. Сфати дека има простор за заработка и вложи две милијарди долари на американскиот пазар на недвижности. Потоа, кога се олеснија мерките за заштита од коронавирусот, тој си се врати на вообичаениот фокус за бизнис: модата.

 

Неговата вредност сега надмина 79 милијарди долари. Критикуван, често омразен и озборуван, напаѓан од синдикатите и еколозите, Аманчо Ортега, Шпанец од Ла Коруња, пронаоѓач на „брзата мода“ со брендот Зара, помина низ најмалку три животи. Неуморен во секој случај Сега тој е насочен на проширување на својата, веќе гигантска империја: следниот чекор е дигиталната пресвртница, при што продажбата не оди преку продавниците, туку преку Интеренет.

Од продавач до бизнисмен

Роден е во 1936 година, во пеколот на граѓанската војна, татко му бил работник во железницата, а мајка му домаќинка. По неговите почетоци како продавач, Ортега на дваесет и седумгодишна возраст отвора своја фирма за производство на текстил заедно со неговиот брат и снаата. По неколку обиди со трговија на опрема за бебиња, конечно ја погодија целта: гардероба. Седиштето на фирмата било во Артеиско, Галиција, односно, не баш во центарот на светот. Барселона од Артеиско е на петнаесет часа со воз, а Мадрид на шест и пол.

Оттаму, сепак, Дон Аманчо повеќе нема да се пресели. Дури ни во 2000 година, кога беше отворено грандиозното ново седиште на компанијата на 55 илјади квадратни метри, од кои 11 илјади за маркетинг и дизајн. Сосема различно од дваесетте фабрики што „израснаа“ околу него.

Почнувајќи го бизнисот буквално од гаража, претприемачот Ортега го продал својот прв производ на сопственикот на продавницата каде што работел. Фокус му била ниската цена на гардеробата која ја произведува. Односно неговата тајна за успех била да се постави продажната цена според пазарот, по можност под онаа на конкурентите и потоа, откако ќе се одземе маржата, да се одредат трошоците за производство. 

Instagram

Пресврт и броење на милиончиња

Пресвртот се случува во 1975 година. На 9 мај, Ортега и неговата сопруга Розалија Мера, (која ќе почине во 2013 година), ја отвориле првата продавница со брендот „Зара“ во Ла Коруња. Компанијата ќе го промени името дури во 2000-та година во Индитекс и оттогаш котира на берзата.

Оттогаш, Дон Аманцо, акционер со 60%, ги брои дивидендите: повеќе или помалку милијарда годишно благодарение на Зара – застрашувачката машина за пари. Во еден период, одењето во Зара беше општествена навика, а не само шопинг.

Со текот на времето, Ортега станува колекционер на брендови, но останува верен на моделот што вклучува агресивен лов на најдобрите простори во историските модни центри. Потоа пристигнуваат Pull & Bear, Massimo Dutti, па Бершка, Страдивариус, Ојсо, Зара хоум…

Сепак, ставот на основачот не се менува. Останува верен на неговото животно мото „кога одам на улица сакам да ме препознаат само членовите на моето семејство и оние што работат со мене“, и  никогаш не дал интервју.

Приватен живот

Дон Ортега има неколку страсти, главно созреани со текот на годините: стадион, јахтата Валорија, Камино де Сантијаго, Клубот Финансиеро…

Оние кои го познаваат велат дека никогаш не носел вратоврска, дека патува со приватен авион ама нема желба за патувања, дека не сака канцеларија, а од друга страна сака трки со коњи. Миленичка му е неговата ќерка Марта, најмладата, родена од втор брак. Таа е кандидатка за наследство на империјата, и покрај фактот дека до 2007 година никогаш не работела во ниту една компанија на нејзиниот татко.

Instagram

Дон Ортега понекогаш знае и добро да донира – во 2012 година донирал 20 милиони на Каритас, што претставува рекорд.

Најновиот предизвик на 85-годишниот Ортега и неговите менаџери, предводен од извршниот директор Пабло Исла, е во технологијата. Во 2020 година, по првата можност за загуба во  историјата, Индитекс затвори 1.200 продавници. Но, на компанијата „влакно“ не и фалеше. Речиси истовремено , всушност, таа го смени темпото на веб, интегрирајќи логистика и нови платформи.

Според сајтот „е-комерц“ засега стратегијата на Ортега совршено функционира: бизнисот преку дигиталниот маркетинг и продажба порасна за 77 проценти само за една година. Тоа е „бум“ посилен од очекуваното, што му овозможи на Ортега уште еднаш да го подигне нивото. Последиците врз работните места, сепак, се уште не се познати.

Слични објави

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо

„Ете пак…“: Никола Роквиќ доживеа трогателен момент по патот кон Грција

Еспресо

Синовите на Лепа Брена имаат уште по едно име: Стефан го откри неговото вистинско име и на брат му

Еспресо

(Видео) Горан Бреговиќ ја отсвири песната на Сандра Африка на гитара и ги остави сите зачудени: „Неко че ми ночас направити сина“

Еспресо

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Еспресо
Се вчитува....