12:53 - 7 ноември, 2026

РАЗВОДОТ Е БЛИЗУ: Братучетката на Грејс Кели тврди дека Алберт и Шарлин се сосема „изладени“

Крајот на бракот се ближи за принцот Алберт од Монако и принцезата Шарлин Витсток. Шпекулациите се сè погласни. Двојката не е видена заедно со месеци и поранешната пливачка веќе некое време е во Јужна Африка каде што, барем официјално, се обидува да реши некои сериозни здравствени проблеми. Во реалноста изгледа дека Шарлин буквално избегала од својот сопруг и од Кнежеството Монако.

Криста Мајрхофер-Дукор отворено зборува за (утрешното издание на) италијанскиот неделник „Оџи“. Имено, братучетка на Грејс Кели, починатата мајка на принцот Алберт, открива детали за сегашноста и иднината на Шарлин Витсток.

Таа уверува дека лично ги слушнала доверувањата на принцот Алберт, кој преку телефонски повик ѝ кажал за брачните проблеми на неговата сопруга, мајка на неговите две деца близнаци кои сега имаат скоро седум години.

„Бракот е во многу, многу тешка фаза. Со Шарлин сум во фаза на отуѓување, не само физички. Ако се сетам на тонот на гласот на Алберт, мислам дека наскоро ќе потпишат развод. Тие двајца се оддалечија во секојдневниот живот, таа си оди по својот пат, тој го избра својот“, раскажува Криста.

За жителите на Кнежеството Монако, тоа би било уште еден брак на Грималди што е распаднат. Дури и сестрите на принц Алберт – Каролина и Стефани – имаат по еден развод зад нив. Бракот на Каролина со Филип траеше едвај две години, од 1978 до 1980 година. Разводот пак, помеѓу Стефани и Даниел Дукрут, по бракот кој траеше само една година, се должи на неверството на францускиот пејач.

Инаку, Шарлин од Монако со месеци е во Јужна Африка и во последните денови беше подложена на нова операција, која траеше четири часа под општа анестезија, поради сериозна инфекција на респираторниот тракт.

Принцот Алберт и близнаците ја посетиле само еднаш за цело ова време, но самиот принц прецизираше дека наскоро ќе оди кај неговата сопруга за да биде покрај неа за време на нејзиното заздравување.

Сепак, ниту еден коментар за тоа не дојде од принцезата, која избра да ја зачува најголемата тајна на ова прашање.

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....