10.8 C
Скопје
11:30 - 23 април, 2024

(ФОТО) БРЗ РЕЦЕПТ ЗА КИСЕЛИ ЗЕЛЕНИ ДОМАТИ: Несекојдневна туршија и за најмрзливите

Ако и вие, како мене бевте благословени со богата берба или добри пријатели со плодни бавчи и се наоѓате пред голема дилема од типот на „Што да правам со толку многу зелени домати?“, а срцето не ви дозволува да ги исфрлите, просторот не ви овозможува да ги узреете, а егзотични рецепти не знаете, го имам решението за вас!

-СКИСЕЛЕТЕ ГИ и СТАВЕТЕ ГИ ВО ФРИЖИДЕР-

(па, користете ги во егзотични, обични и тие измеѓу – рецепти)

Овој процес на скиселување е многу лесен, бидејќи не ги бара дополнителните чекори на ставање туршија. Со оваа постапка, може да ги скиселите доматите и да ги чувате во фрижидер две-три недели.

Потребни состојки:

Основни:

– 1 кг зелени домати
– 400 мл вода
– 600 мл јаболков оцет (вински, прехрамбен)
– 80 гр сол
– 40 гр кафен шеќер
– пакетче бибер во зрно

+ една(или неколку, ако правите поголема количина)голема тегла од 2 кг

верзија 1:

– две лажици семе од синап
– неколку гранчиња свеж копар (може и целер)
– две чешниња лук

верзија 2:

– две чешниња лук
– неколку тркалца кромид
– ловоров лист

верзија 3:

– пимент
– ким
– свеж ѓумбир
– неколку тркалца кромид
– уште 20 гр кафен шеќер

*Основниот раствор за скиселување е тој. Зачините може да ги прилагодите по ваш вкус или да пробате една од трите верзии.
* Прилагодете според количината на домати што ќе ги скиселувате. Ако правите поголема количина користете вага за да измерете правилен размер.

МЕТОД:

1. Прво што треба да направите е да ги измиете и припремите доматите. Истите се сечат на шестинки или четвртинки, во зависност од нивната големина. Ама може да се инспирирате и да ги сечете на коцки, само внимавајте да не бидат преголеми. Клучно е да се во големина на залак-залаче и да се убаво „настегани“ во теглата. Како сардинки.

фото: Стефанија Смилеска
фото: Стефанија Смилеска

2. Потоа, на вага ќе ставите чиста и стерилизирана тегла, ќе ја израмнете со нула и ќе ја наполнете со околу 1 кг домати. Во меѓувреме ги ставате состојките за растворот во тенџерче и го оставате да зоврие. Ако ставате зачини, се ставаат на почетокот, лук и кромид се става минута пред да зоврие растворот, а свежи билки или корени се редат во теглите.

фото: Стефанија Смилеска
фото: Стефанија Смилеска
фото: Стефанија Смилеска

3. Кога растворот ќе почне да врие, се истура врел во теглата и истата веднаш се затвара. (Може да ви остане малку течност, што е океј, само погрижете се да ги ставите зачините во теглата).

фото: Стефанија Смилеска
фото: Стефанија Смилеска

4. Се остава да се излади на собна температура и се чува во фрижидер до 2-3 недели.

фото: Стефанија Смилеска
фото: Стефанија Смилеска

Идеи за конзумирање на киселите зелени домати:

– Ваквите домати се одлични како додаток во сендвичи, бургери, врапови. Можат да се додадат во салати, да бидат прилог на печено месо или риба, да бидат дел од даска со сирења, да се додат во паста со кремаст сос или сличен тежок оброк – да пресечат низ мастите или крај краева – во чинија со чаша ракија!

Слични објави

Цеца и Жељко Јоксимовиќ снимаат дует: На радост на фановите, веќе влегоа во студио!

еспресо

Астропрогноза за вторник, 23 април: Овните да ги контролираат зборовите, Стрелците да побараат прошка

еспресо

Браво за пејачот Никола Роквиќ: Ќе пешачи 1 150 км за хуманитарни цели

еспресо

(Фото) Ѕвезда до ѕвезда: Викторија Бекам објави нови фотографии од нејзината роденденска забава

еспресо

Избрани од универзумот: Четири хороскопски знаци на кои судбината ќе им донесе изненадувања наскоро

еспресо

(Фото) Оваа пејачка е на местото на Марија Шерифовиќ во „Ѕвездите на Гранд“: „Цеца е строга, знае да викне“

еспресо
Се вчитува....