11:51 - 29 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Имате за зимница уште 2-3дена, засукајте ги ракавите, зашто потоа следува….

– Уште утре и во петок ќе имаме претежно стабилно и суво време, додека за време на викендот ќе има повремени локални врнежи од дожд но со слаб интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени. Поради продор на постудена воздушна маса од север, од недела температурите ќе бележат тенденција на опаѓање а ќе дува и умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

И во Скопје и околината до петок времето ќе биде претежно стабилно и суво, додека максималната температура ќе се искачи до околу 19 степени, што значи дека ќе биде релативно топло.

Според Попоски, за време на викендот ќе има повеќе облачност, кога ќе има услови и за повремени локални врнежи од дожд. Во недела ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а температурите ќе бележат тенденција на опаѓање. Детална анализа околу новата промена на времето која не очекува за време на викендот, ќе имаме најдоцна до петок.

А вие затоа убавото време искористете го и тоа доколку до сега не сте направиле зимница, истата можете да ја направиме во следните два, до три денови.

Слични објави

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо
Се вчитува....