21:06 - 9 ноември, 2026

(ФОТО) ТРАНСФОРМАЦИЈА: Еве како Ивона Корачоска „стопи“ 15,4 килограми за три месеци

Нутриционистката Елена Мирческа е со нас за да се „стегнеме“ оваа есен.

Здравиот начин на исхрана е во мода, а добрите нутриционисти се сè побарани. Особено, ако здравиот диетен режим би можеле да го комбинираме со физичка активност. Нутриционистката и фитнес-инструкторка, Елена Мирческа, нѐ советува како да дојдеме во топ форма за време на есента. Зашто, не заборавајте, убавите тела кои ги гледаме секоја пролет и лето, се „вајаат“ токму во есен и во зима.

А, некои веќе успеаа во тоа! 

Таков е примерот со Ивона Корачоска.

– После бременоста останав со вишок килограми кои не пробав да ги симнам со диета бидејќи од претходно знаев дека не ми успева, едноставно бев љубител на слатки работи, а и да симнев некој килограм, повторно ги враќав, вака ја започнува својата диетна приказна Ивона.
приватна архива
– Но кога се натрупаа килограмите, едноставно решив дека ми е потребна вистинска промена, не само поради физички изглед туку и за здравствени придобивки и побарав помош кај вистинска личност која знае како…, додава таа.
Вели дека за време на режимот на исхрана веднаш почнала да добива повеќе енергија, се чувствувала сита и ги научила придобивките на здравата храна, но најважно од сè – се здобила со самоконтрола. Истовремено се приклучила и на онлјн вежбите кај фитнес инструкторката и нутриционистка Елена Мирческа, и се чувствувала сè полесно и полесно.
– Сега научив како да ги комбинирам оброците, се чувствувам далеку поенергично, а знам и да си дозволам некогаш нешто слатко, но тоа воопшто не е со задоволство како порано. Веќе немам проблем при изборот на облеката и ги научив и зацврстив здравите животни навики благодарение на поддршката низ целиот процес на мојот нутриционист Елена, – горда е нашата соговорничка Ивона.
Мислење за текот на трансформацијата на Ивона, побаравме и од нутриционистката Елена. 

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....