23:59 - 28 ноември, 2026

Олигархот Олег Тинков се откажа од руското државјанство: „Во Русија сè е с*ање и заглавено во непотизам и сервилност“

Поранешниот сопственик на Tinkoff Bank, Олег Тинков, се откажа од руско државјанство. Пролетта, бизнисменот остро ја критикуваше руската инвазија на Украина, по што беше принуден да го продаде својот удел во банката.

Во вторникот наутро Тинков ја избриша својата објава за откажување од руско државјанство, но сепак, привлече внимание на медиумите. Сè уште не е јасно што значи тоа – Тинков се предомислил или решил да ги сокрие грубите зборови искажани за Кремљ.

„Официјално се откажав од руското државјанство“, напиша Тинков во понеделникот на Инстаграм. Тој објави фотографија со потврда за откажување од државјанство, од 26 октомври. Бизнисменот објаснил дека одлучил да се откаже од државјанството бидејќи не сакал да биде поврзан со „фашизмот на Путин“.

„Се надевам дека повеќе бизнисмени ќе ме следат и ќе престанат да работат за фашизмот, ќе се откажат од бизнисот и државјанството“, напиша Тинков, кој сега живее во Лондон.

Во понеделникот, исто така, се дозна дека друг банкар, основачот на британскиот финтех стартап Револут, Николај Сторонски, одбил руски пасош. Тој, покрај руско, има и британско државјанство. Во октомври, милијардерот Јури Милнер исто така објави дека се откажува од руското државјанство.

„Во државата се е срање“

Уште на 28 февруари, четири дена по почетокот на војната во Украина, Тинков напиша: „Невини луѓе умираат во Украина сега, секој ден, ова е незамисливо и неприфатливо! Државите треба да трошат пари за лекување на луѓе, на истражување за победа над ракот, а не за војна. Ние сме против оваа војна!“

Во април тој даде поостри забелешки. Исклучително остро го оцени нивото на обука на руската армија. „А како армијата ќе биде добра ако сè друго во земјата е срање и заглавено во непотизам и сервилност?“, праша банкарот.

Помалку од две недели подоцна, се дозна дека семејството на Олег Тинков продаде 35% од акциите во TCS Group Holding, матичната структура на руската групација Tinkoff, на групата Interros на Владимир Потанин. Износот на трансакцијата не беше откриен, но во подоцнежните интервјуа Тинков јасно стави до знаење дека го продал уделот значително поевтино од неговата пазарна вредност.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....