23:48 - 28 ноември, 2026

Популарниот јужнокорејски пејач и актер Ли Џихан загина во Сеул во стампедото на Ноќта на вештерките

Меѓу 154-те жртви е и 24-годишната К-Поп ѕвезда. Тој стана познат благодарение на натпревар за пеење во Јужна Кореја, пред да стане успешен во светот на актерството.

Меѓу жртвите на масакрот по повод Ноќта на вештерките што се случи во саботата вечерта во Итаевон, Сеул, каде толпата уби 154 луѓе, е и актерот и К-поп ѕвезда Ли Џихан.

Џихан (24), според локалната телевизија, станал познат благодарение на натпревар во пеење во Јужна Кореја, пред да стане успешен во светот на глумата.

Двете агенции кои ја застапуваат ѕвездата – 935 Entertainment и 9Auto Entertainment – ја потврдија веста за неговата смрт во неделата, пишува Sky News.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tashi (@shauntashi_official)

Објавувајќи црна фотографија на Инстаграм, тие напишаа дека им е „скршено срцето“ поради неговата смрт и им порачаа на обожавателите дека Џихан „стана ѕвезда на небото“.

Џихан се прослави во јужнокорејското реално шоу „Produce 101“ во 2017 година, каде 101 љубител на К-поп се натпреваруваа за да освојат место во 11-члениот бенд за момчиња.

И покрај тоа што не беше вклучен во последниот бенд, Џихан ја искористи популарноста за да премине во актерство, глумејќи во јужнокорејската драма „Денес беше друг ден на Нам Хјун“. Според AllKPop, погребот на Џихан ќе се одржи на 1-ви ноември.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....