23.8 C
Скопје
15:11 - 3 октомври, 2026

Здрави палачинки кои можете да ги јадете без грижа на совест

Овој рецепт е токму таков.

Состојки:

– 1/2 чаша овесни снегулки

-1/2 чаша кокосово брашно

– 1/2 чаша просо

– прстофат сол

– 1 лажица шеќер или мед

– 1/2 прашок за печиво или лажичка сода бикарбона

– 1 лажица безглутенско брашно

– 2 јајца

– 2 дл млака вода

– 1 лажица масло

Подготовка:

Овесот, кокосот и просото сомелете ги во мелница за кафе. Нека овесните снегулки бидат фино сомелени како и просото и кокосот. Соединете ја смесата со остатокот намирници. Оставете ја смесата за палачинки да отстои петнаесетина минути во фрижидер.

Во тавче загрејте масло, а при црпењето од смесата внимавајте да не ставате премногу од неа за палачинките да не ви излезат дебели. Печете ги од едната и другата страна додека да заруменат.

Како прелив можете да го ставите вашиот омилен здрав намаз. Во случај да немате готов намаз, какао прав во комбинација со мед ќе биде исклучително добра замена за овој необичен, но вкусен десерт.

Слични објави

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.

Ретко кој може да ѝ одолее на оваа феноменална пита со сезонско овошје

Т.Ц.
Се вчитува....