02:53 - 29 јули, 2026

За љубителите на префинет вкус – Торта со Бејлис

Прекрасен десерт со богат и неверојатен вкус…

Состојки за пандишпан:

5 јајца
10 лажици шеќер
10 лажици вода
160 г брашно
120 г мелени ореви
2 лажици какао
1 прашок за печиво

Состојки за фил:

2 јајца
4 лажици шеќер
4 лажици густин
400 мл млеко
3 лажици ликер „Бејлис“
200 г путер
100 г шеќер во прав

Состојки за прелив:

300 мл млеко
50 г кафеав шеќер
100 мл ликер „Бејлис“
шлаг за украсување

Начин на подготовка:

1. За подготовка на пандишпанот, најпрво со миксер убаво изматете ги шеќерот и јајцата. Кога ќе добиете хомогена смеса додадете ги и останатите состојки и рачно измешајте ги. Сипете ја смесата во кружен калап и печете 30 минути на 180 Целзиусови степени. Кога ќе се испече исечете го на три еднакви кругови.

2. За подготовка на филот изматете ги двете јајца, шеќерот, густинот и ликерот. Млекото ставете го да зоврие, а потоа во него додадете ја смесата од другите состојки. Мешајте на оган додека не ја добиете потребната густина. Путерот и шеќерот во прав изматете ги со миксер и откако другата смеса ќе се олади, додадете ги и нив во неа. Убаво измешајте.

3. За подготовка на преливот сите состојки ставете ги во тенџере на оган и оставете ги убаво да се соединат.

4. Ставете еден дел од пандишпанот на послужавник, посипете го со преливот, намачкајте го со подебел слој од филот и поклопете го со друг дел од пандишпанот. Повторете го истото и со последниот круг од пандишпанот. По избор декорирајте со

Не се обесхрабрувајте, сликите се само пример, кој слободно можете да го преземете за украсување на вашата торта.

Слични објави

Голем Град – мистичниот остров на Преспанското Езеро со илјадагодишни фои, пеликани и траги од минатото

Т.Ц.

(Видео) Низ овој тунел на Хвар возачите возат со страв – не е за оние што страдаат од клаустрофобија

Т.Ц.

Француски колач со јогурт – рецепт што им успева и на почетниците

Т.Ц.

Како да направите неодоливо крцкави похувани тиквички

Т.Ц.

Фрапучино со сладолед – идеален пијалак за летните горештини

Еспресо

Освежителна пита со праски без печење што буди носталгија за детството

Т.Ц.
Се вчитува....