25.8 C
Скопје
14:43 - 6 октомври, 2026

Вистинско летно уживање: Ладна чорба од домати (РЕЦЕПТ)

Оваа чорба се јаде ладна, па одлично ќе ве разлади и во текот на врелите летни денови…

Не морате да се откажете од јадењето на супи и чорби во текот на летото – доколку не ви се јадат топли нешта ви нудиме одличен рецепт за ладна чорба од домати.

Состојки:

Половина килограм домати
Чаша јогурт
Половина лимон
Сол и бибер по вкус
Лажица сецкани листови од магдонос и целер

Подготовка:

Доматите сварете ги во вода, потоа излупете ги, остранете го кочанот и испасирајте го во блендер со јогурт.

Кога смесата ќе се соедини, додадете 250 милилитри ладна вода и исцеден сок од половина лимон. Уште малку изблендирајте, додадете сол, бибер, магдонос и целер и оставете ја во фрижидер да се олади убаво.

Послужете ја ладна и уживајте во освежувањето.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....