11.8 C
Скопје
21:55 - 6 октомври, 2026

ЦАРСКА ТУРШИЈА: Рецепт за зимница со црвени ајварски пиперки

Црвените ајварски пиперки не мора да ги користите само за подготовка на ајвар. Тие се одличен додаток и во туршијата.

Ова е рецепт за зимница позната како царска туршија, која е одлично мезе во зимските денови кои ни претстојат.

Состојки:

1 кг црвени пиперки
2 кг зелка
700 гр моркови
5 страка целер
Два карфиола
Шеќер, сол, оцет, два аспирина

Подготовка:

Исечете го зеленчукот на парчиња со големина по желба. Зелката исецкајте ја ситно. Измешајте го зеленчукот и редете го еден ред мешан зеленчук, еден сецкана зелка, додека да ја наполните теглата.

Во секоја тегла одат по една лажичка шеќер, една сол, 4 лажици бел оцет и два аспирина. Зовријте вода и дополнете ја секоја од теглите. Добро затворете и чувајте на темно место.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....