2.8 C
Скопје
09:01 - 18 декември, 2024

Трикови за подготовка на сокови за зима: Никогаш не мешајте овошје и зеленчук

Сливите, праските, кајсиите и боровинките, малинките се овошки од кои македонските домаќинки традиционално подготвуваат сокови за во зима. Тоа е така бидејќи многумина сакаат вкусот на свежо и органско овошје да го имаат во текот на зимските месеци кога дел од овие овошки тешко се наоѓаат на зелените пазари, а доколку успеете да ги најдете, тие се произведени во неприродни услови и третирани со многу хемиски средства за да се одржат здрави и сочни и во зима.

Сепак, доколку сакате да направите сокови, потребно е да знаете на што треба да обрнете внимание за да бидат здрави, вкусни, а истовремено и да спречите нивно расипување.

Токму затоа обрнете внимание на овие совети, кои важат за основни правила кога станува збор за подготвување на здрав сок.

Важно е да се напомене дека без да се знаат овие трикови, сокот што ќе го подготвувате може да содржи многу помалку витамини, споредбено со тоа доколку ги следите овие совети. Покрај тоа, доколку не ги знаете овие неколку правила за подготовка на сок, може да ви се расипе и целиот ваш труд да пропадне.

1. Користете само потполно здраво овошје. Никогаш не чистете го овошјето доколку фатило мувла или почнало да скапува. Едноставно таквото овошје фрлете го целото.

2. Овошјето што имате намера да го искористите, треба да биде секогаш зрело, но во никој случај не треба да биде презреано.

3. Секогаш одбирајте органски производи. Доколку тоа не можете да го направите на пазар, тогаш потрошете малку време, енергија и труд и отидете до најблиското село каде што ќе бидете сигурни дека ќе најдете овошје што не било хемиски третирано и по неколкупати. Исто така, многу важно е да знаете дека за да биде овошјето чисто, потребно е овошката да се наоѓа на најмалку 100 метри оддалеченост од некој пат на кој постојано поминуваат возила. Тоа е европскиот минимум за дозволена оддалеченост. Покрај тоа, за да добиете квалитетен производ, освен чистото овошје, исто така од исклучителна важност е и да ја подготвувате зимницата со чиста и бактериолошки исправна вода за пиење.

4. За подготовка на соковите е најдобро секогаш да користите сезонско овошје.

5. Пред да започнете со подготовка на сокот, темелно измијте го овошјето.

6. Избегнувајте да додавате многу шеќер во сокот.

7. Секогаш овошјето варете го со лушпа, а потоа се разбира отстранете ја. На тој начин во сокот ќе ги има сите витамини што ги има во лушпата.

Слични објави

Село Вишни, духовното гнездо на канонизираната светица Спаса Вишенска: Порта низ која минува душата

еспресо

(Фото) Едно поинакво доживување! Не пропуштајте го рафтингот во Анталија, адреналинско искуство за паметење!

Еспресо

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо
Се вчитува....