25.8 C
Скопје
14:43 - 6 октомври, 2026

Топли крокети од компир полнети со кашкавал (РЕЦЕПТ)

Превкусни крокети од компир кои се топат во уста, пробајте ги нема да зажалите…

Потребни состојки:

  • 700 г компири, варени
  • половина јајце
  • 30 г брашно
  • 125 г чедар кашкавал
  • 2 парчиња млад кромид, исецкан ситно
  • 60 г павлака
  • ½ лажиче сол
  • масло за готвење

Начин на подготовка:

1. Маслото ставете го во тава и убаво загрејте го.
2. Излупете ја лушпата од компирите и изрендајте ги на ренде.
3. Во компирите додадете ги останатите состојки и мешајте ги додека да добиете хомогена смеса.
4. Од смесата направете топчиња, наредете ги на плех за печење и оставете ги да се оладат во фрижидер, барем 10 минути. Откако ќе се оладат, пржете ги во маслото, додека не добијат кафена боја од сите страни. Оставете ги да се исцедат на хартиена крпа.
5. Послужете ги топли со малку павлака и младо кромидче како додаток.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....