25.8 C
Скопје
17:37 - 6 октомври, 2026

Штрудла со афион

Состојки

За тесто:
500 гр брашно
250 мл млеко
30 гр квасец
1 јајце
1 жолчка
50 гр шеќер
50 гр растопен маргарин

За фил:
500 гр афион
200 гр шеќер
1,5 шолја млеко

Подготовка:
Во млако млеко разматете ги квасецот и шеќерот. Додајте ги состојките за тестото и замесете. Оставете да отстои 20 минути и потоа поделете го тестото на 3 дела.

За филот помешајте ги афионот и шеќерот. Млекото загрејте го до вриење. Додавајте ги шеќерот и афионот со постојано мешање.

Тестото расукајте го и премачкајте го со филот, а потоа завиткајте го во ролат.

Загрејте ја рерната на 200 степени, плехот обложете го со хартија за печење и премачкајте ја со масло, па стевте ги штрудлите.

Ставете ги да се печат 20-25 минути.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....