15.8 C
Скопје
20:10 - 1 октомври, 2026

Направете сами ЧАЈ ЗА СЛАБЕЕЊЕ

Доколку чувствувате надуеност, а сакате и да се ослободите од насобраата вода во организмот, да направите детоксикација и да загубите некој килограм за брзо време, подгответе го овој час од пет состојки.

Во тенџерче ставете литар вода, додадете помала китка исечкан магдонос, и четири ќесички зелен чај. Оставете заедно да зовриат, а потоа тргнете го тенџерчето од оган и поклопете го.

Кога чајот ќе отстои и ќе се излади, исчедете го, па во него додадете 30 грама изрендан ѓумбир, 2 цедени лимона и една лажичка цимет.

Доколку сакате да го заблажите направете го тоа со лажица мед или захарин.

Претурете го ваквиот чај во пластично шише и ставете го фрижидер. Пијте го ладен во текот на целиот ден. Во чашата може да додадете мраз по желба и дополнителни парченца лимон.

Слични објави

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.

Ретко кој може да ѝ одолее на оваа феноменална пита со сезонско овошје

Т.Ц.

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.
Се вчитува....