10.8 C
Скопје
09:15 - 18 октомври, 2026

Макарони со спанаќ и сусам

Здрав оброк, богат со хранливи состојки, погоден за пости.

Потребни состојки:

500 гр спанаќ

500 гр посни тестенини

Три лажици маслиново масло

Едно чешне лук

Сусам

Сол и бибер

Подготовка:

Згответе ги тестенините според упатството на пакувањето.

Во тава пропржете го спанаќот на маслиновото масло. Кога листовите ќе се смалат, додајте ги истолчениот лук, солта и биберот. Пржете уште пет минути и прелијте ја смесата врз макароните.

Додадете сусам и послужете.

Доколку не постите, можете да додадете рендан пармезан.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....