25.8 C
Скопје
17:41 - 6 октомври, 2026

Љубов на прв залак: Штрудла со џем и ореви

Цело семејство ќе ужива во оваа превкусна посластица…

Потребно е:

– 100 мл млеко

– 15 гр квасец

– малку масло

– 200 гр шеќер

– 350 гр брашно

– 2 јајца

– кора од лимон

– 200 гр мелени ореви

– 1 лажица шеќер

– малку сол

– лажица џем

Подготовка:

Квасецот потопете го во малку млака вода, додадете шеќер, кога ќе се растопи додадете ги јајцата, млекото, маслото и кората од лимон. Додадете го брашното и солта и замесете меко тесто. Покријте го и оставете го на топло да нарасне. Расукајте го на работната маса со дебелина од половина сантиметар па премачкајте го со џем (по ваш избор). Мелените ореви зашеќерете ги, додадете 2-5 лажици врело млеко, изедначете и со тоа премачкајте ја штрудлата.

Завиткајте ја штрудлата. Оставете ја да порасне па намачкајте ја со жолчка. Печете на 200 степени 35 до 40 минути.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....